Шитторф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шитторф (германски: Schüttorf; долногермански: Schüttrup) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Шитторф е најстар град во округот, сместен близу границата со Холандија и покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Шитторф се наоѓа во крајниот југозападен дел на покраината Долна Саксонија, оддалечен околу десет километри од границата со Холандија. Градот се наоѓа помеѓу културните области на Емсланд и Вестфалија. Околината на градот е земјоделска.
Низ градот во насока југоисток-северозапад поминува реката Фехте, која продолжува во Холандија. Највисока точка во градот е 48 метри.
Соседни општини
Градот Шитторф како дел од истоимената општинска заедница се граничи со другите членови на заедницата: Замерн на југоисток, Квендорф на северозапад и Енгден на север. Во рамки на округот, Шитторф се граничи со Бад Бентхајм на запад. На исток, градот се граничи со соседниот округ Емсланд (општината Емсбирен).
Клима
Шитторф има средноевропска клима. Просечна годишна температура изнесува 8,5 степени, додека просечниот притисок изнесува 1.015,2 хектопаскали, додека просечните годишни врнежи изнесуваат 700 до 800 милиметри. Климата е субатлантска со свежи зими и релативно топли лета.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 31 избран член, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
Градоначалник
Градоначалник од ноември 2016 година е Јерн Тихтер (CDU).
Збратимени градови
Шитторф е збратимен со следниве градови:
Твентеранд, Холандија (до 2005 г.)
Remove ads
Галерија
- Градската реформирана црква
- Пешачката зона
- Вила Шликер
- Католичката црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads