Шифова база
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шифова база е функционална група или тип на хемиско соединение кое содржи јаглерод-азот двојна врска со азотниот атом поврзан за арил или алкил група, но не водороден атом. Шифовата база е синоним на азометин. Шифовата база е именувана по Иго Шиф и ја има следната општа структура:
- R1R2C=N-R3
R3 претставува фенил или алкил група која ја прави Шифовата база стабилен имин. Шифовите бази можат да се синтетизираат од ароматичен амин и карбонилно соединение преку нуклеофилна адиција, со што се образува хемиаминал, по што следува реакција на дехидратација за да се генерира иминот. Во ваква типична реакција, 4,4'-диаминодифенил етерот реагира со орто-ванилин:[1]

Постои меѓупроизвод на Шифовата база при катализираната реакција на фруктоза 1,6-бисфосфат алдолаза за време на гликолизата.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads