Шиш-тавук
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шиш-тавук[1] (арапски: شيش طاووق; хебрејски: קבב עוף; турски: Şiş tavuk or Tavuk şiş;[2][3] азерски: Toyuq kababı) — традиционално маринирано јадење од пилешко месо, односно варијанта на шиш-ќебап од Блискоисточната кујна. Ова јадење е вообичаено во Турција, Азербејџан, Либан,[4] Египет, Јордан, Сирија, Ирак, и Израел. Варијанта на ова јадење што се подготвува во Иранската кујна, се нарекува џуџе-ќебап. Се служи во голем број ќебапчилници во разни градови низ светот.[5]

Remove ads
Потекло на поимот
Шиш е турски збор за меч или ражен,[6] а тавук доаѓа од стариот туркиски Тагаку, и значи „пиле“.[7]
Подготовка и сервирање
Јадењето се состои од коцки пилешко месо кои се маринирани, а потоа печени на ражен. Најчесто маринадата се состои од јогурт и сок од лимони, или доматно пире, но постојат и други варијанти. Се конзумира во вид на сендвич, или пак на чинија во комбинација со зеленчук, со ориз или помфрит. Турската варијанта на ова јадење најчесто се служи со ориз, јогурт и зеленчук печен на скара. Во Сирија и Либан најчесто се служи со сос од лук, со хумус и со салата од табуле. Во сендвичот се додава: салата, домат, и кисела репка. Во Израел се служи со таан, пржен кромид, пита лепче, печени лути пиперки (најчесто чили), салата од табуле и туршија (маслинки, моркови, бабури, зелка и репка).
Remove ads
Поврзано
- Список на ќебапи
![]() |
„Шиш-тавук“ на Ризницата ? |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads