Школска Тумба (Могила)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Школска Тумба или Тумба IIархеолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во селото, на растојание од околу 120 м од наоѓалиштето Тумба I (Сред Село). Има пречник во основата од 180 м и височина од 2 м. На неа се подигнати неколку селски куќи, а и осумгодишното училиште, со што се направени големи оштетувања, особено на горните слоеви кои се наполно уништени. Во 1977 година е извршено сондажно ископување во дворот на месен жител, при што е пронајден културен слој дебел 6,90 м, исполнет со множество керамички садови и друг археолошки материјал од времето на постариот неолит (велушко-породинска група). Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads