Сред Село (Могила)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сред Село или Тумба I — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во централниот дел на селото, на местото на кое се наоѓаат задружниот дом, амбулантата и старото училиште. Со изградбата на овие објекти тумбата е зарамнета и речиси целосно уништена. Во 1975 година, непосредно пред поставувањето на темелите за амбулантата е извршено сондажно копање при што е пронајдено дека во длабочина до 1,50 м културниот слој е нарушен со вкопување на гробови од средновековна некропола, како и со копањето на јами во кои се најдени керамички садoви од времето на Словените. Дебелината на културниот слој, од сегашната површина до здравицата, изнесува 6 м и во него се издвојуваат два културни стратума со множество керамички садови, култни предмети и орудија од кремен, камен и коска, кои временски му припаѓаат на постариот неолит во Пелагонија, односно на велушко-породинската културна група.[1]
Remove ads
Поврзано
- Рековчанска Тумба — населба од неолитско време;
- Тумба Трнска — населба од неолитско време;
- Роњевска Тумба — населба од неолитско време;
- Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време;
- Селска Црква — населба од неолитско време;
- Школска Тумба — населба од неолитско време;
- Шемоска Тумба — населба од неолитско и бронзено време;
- Могила;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads