Шлезвиг (град)
град во Шлезвиг-Холштајн, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шлезвиг (германски: Schleswig; дански: Slesvig; јужнојитландски: Sljasvig; долногермански: Sleswig) — град во североисточниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Претставува административно седиште на округот Шлезвиг-Фленсбург.
За други значења на поимот, погл. Шлезвиг (појаснување).
Во градот живеат околу 27.000 жители, а како главни стопански гранки се вбројуваат кожната и прехранбената. Своето име го добило од Шлај, фјорд во Балтичкото Море на чиј крај се наоѓа и од „вик“ или „виг“ што означува залив на старонордиски и дански јазик. Шлезвиг со тоа означува „залив во Шлај“. Постои и тврдење дека името на градот потекнува од западнословенското племе, кое живееле во „Славсвик“ помеѓу V и X век.
Remove ads
Географија

Градот се наоѓа на западниот крај на фјордот Шлај, кој ги дели двата полуострова Ангелн и Шванзен и е на западниот крај на шлезвишко-холштајнските висорамнини. Урбаното подрачје се наоѓа од 0 до 20 метри надморска височина. Браутското Езеро се наоѓа во градот.
Најблиски поголеми градови се Фленсбург, Хузум и Кил. Сојузниот автопат 7 поминува западно од градот. Автопатите Б76 и Б77 завршуваат во Шлезвиг, а Б201 поминува северно од градот. Железничката станица во Шлезвиг е станица за брзите и регионалните возови.
Клима
Климата во градот е влажна и морска. Просечната годишна температура е 8 °C, а просечните врнежи изнесуваат 925 mm.
Remove ads
Историја

Викиншката населба Хедеби, сместена јужно од денешниот град, била првпат спомената во 804 година. Била моќна населба во балтичкиот дел, која владеела со областа повеќе од 200 години. Во 1050 година, по неколку уништувања, населението се преселило на спротивниот брег на Шлај, во денешниот град Шлезвиг. Во 1066 година, Хедеби била конечно уништена и Шлезвиг станал дел од данското кралство.
Во 1544 година, замокот Готорф станал резиденција на локалните владетели. Војводите Готорф биле вазали на данските кралеви и владееле во денешна Шлезвиг-Холштајн. Во 1721 година, кога завршила Големата северна војна, војводите Готорф ја загубиле својата моќ и нивните поседи станале дански поседи. По Втората шлезвишка војна (1864), Шлезвиг бил припоен од Кралството Прусија.
Remove ads
Знаменитости
- Шлезвишка катедрала (1134) — главна градска црква, со гробот на кралот Фредерик I на Данска
- Замок Готорф (1161) — поранешна резиденција на војводите, со барокната градина Нојверк, во која се наоѓа Готорфскиот глобус
- Холм — старо рибарско село на брегот на Шлај
- Хедеби — викиншка населба
Познати жители
- Херман Вилхелм Бисен (1798–1868) — вајар
- Улрих фон Брокдорф-Ранцау (1869–1928) — политичар
- Јан-Ингвер Калсен-Бракер (р. 1984) — фудбалер
- Асмус Јакоб Карстенс (1754–1798) — сликар
- Јобст Хиршт (р. 1948) — спортист
- Херман-Бернхард Рамке (1889–1968) — генерал
- Ралф Ротман (р. 1953) — романописец
- Едвард Зелиг Саломон (1836–1913) — генерал
- Ханс фон Зект (1866–1936) — генерал
- Ернст Мулер-Бленсдорф (1896–1976) — вајар
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads