Шмалкалден

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шмалкалденmap
Remove ads

Шмалкалден (германски: Schmalkalden) — град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во југозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, во Германија. Се наоѓа на јужните падини на Тириншката Шума на реката Шмалкалде, притока на реката Вера.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Шмалкалден во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген ...
Remove ads

Историја

Првпат бил споменат во декрет од 874 година, како „Смалкалта“ (Smalcalta) во франкското војводство Тирингија, дека добила градски права околу 1180. Кога ландгрофот Хајнрих Распе на Тирингија умрел без потомок во 1247, преминал на династијата Хенеберг-Шлојзинген, додека поголемиот дел од грофовијата припадналото на династијата Ветин во Мајсен. За да го обезбедат нивното преземање, грофовите на Хенеберг се здружиле со Хесен. Во 1360, заедно со ландгрофот Хајнрих Втори од Хесен го исплатил Фридрих Петти, синот на Елизабет од Хенеберг.

Thumb
Шмалкалден, Матојс Меријан, во 1655

Во 1531 градското собрание на Шмалкалден било место на основање на Шмалкалдската лига од протестантските принцови под водство на ландгрофот Филип Први од Хесен, со цел заштита на религиозните и политичките интереси во нивните граници. Во 1537, Шмалкалдските членови биле напишани од Мартин Лутер, Филип Меланхтон и другите реформатори.

Кога грофовите на Хенеберг престанале да постојат во 1583, нивниот дел бил наследен од Вилхелм Четврти. Вилхелм го направил градот своја резиденција и бил изграден замокот Вилхелмсбург, завршен во 1590. Грофовијата Шмалкалден останал ексклава на Хесен, од 1868 па натаму бил дел од пруската покраина Хесен-Насау, додека не бил припоен во покраината Саксонија во 1944 и во 1945 станал дел од покраината Тирингија.

Градот доживеал жестоки бомбашки напади во Втората светска војна. Од 1949, со Тирингија, бил дел од Источна Германија.

Во јули 2018 година, поранешната општина Шпрингштиле била припоена кон градот Шмалкалден.

Remove ads

Главни знаменитости

  • Св. Ѓорѓи, доцно готска црква завршена во 1509 со витражи од Шарл Кродел
  • Градско собрание
  • Реформаторска школа
  • Лутеранско седиште
  • Куќата на Лутер
  • Градски ѕидини
  • Болницата и нејзината капела
  • Замокот Вилхелмсбург, поранешна резиденција на грофовите од Хесен, изграден околу 1590
  • Куќата на Штенгел
  • Црквата на гробиштата
  • Кратер со пречник од 30-40 метри, создаден на 1 ноември 2010 од природна вдлабнатина
Кратки факти Грофовија ШмалкалденHerrschaft Schmalkalden, Статус ...
Remove ads

Познати луѓе

  • Кристоф Келариус, научник
  • Кристијан Карл Август Лудвиг фон Масенбах, полковник
  • Карл Вилхелм, хорски диригент
  • Ангела Штајнмилер, математичар
  • Франк Лук, биатлонец
  • Свен Фишер, биатлонец
  • Штефи Јакоб, санкач
  • Кати Вилхелм, биатлонец
  • Александар Волф, биатлонец

Меѓународни односи

Шмалкалден е збратимен со:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads