Шпајер

град во Рајнската област-Пфалц, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шпајерmap
Remove ads

Шпајер (германски: Speyer, до 1825 г. и Speier) — град во Рајнската област-Пфалц, Германија со околу 50.000 жители. Лежи на левиот брег на реката Рајна, 25 км јужно од Лудвигсхафен и Манхајм, а 21 км југозападно од Хајделберг. Основан е од Римјаните, и се вбројува меѓу најстарите градови во државата.

Кратки факти Земја ...

Забележителни знаменитости на градот се Шпајерската катедрала, уште неколку цркви и Старата порта. Под главниот олтар на катедралата се погребани осум свети римски цареви и германски кралеви.

Шпајер е познат по т.н. „Шпајерска протестација“ на Царскиот собор од 1529 г. со која разни кнезови се заложиле за повлекување на забраната врз делата на реформаторот Мартин Лутер, и со тоа удирајќи ги темелите на протестантството.

Thumb
Главната улица со Шпајерската катедрала во позадината.

Најпрвин градот се нарекувал Новиомагус и Кивитас Неметум по тевтонското племе Немети кое се доселило на ова подрачје. Во VI век е засведочено името Спира, изведено од франкиската населба Вила Спира близу гратчето.

Remove ads

Времеследен преглед

  • 10 п.н.е. — поставен првиот римски воен логор (меѓу градскиот дом и епископскиот дворец).
  • 150 — гратчето обележано како Новиомагус на светската карта на старогрчкиот географ Птоломеј.
  • 346 — за првпат споменат епископ на гратчето.
  • IV век — градот Кивитас Неметум обележан на картата „Појтингерова табла“.
  • V век — Уништен Кивитас Неметум.
  • VII век — гратчето е одново подигнато под името Спира, наречен по блиска франкиска населба.
  • 1030 — светиот римски цар Конрад II ја започнува преградбата на Шпајерската катедрала, денес светско наследство на УНЕСКО. Во истиот век е изграден првиот градски дом.
  • 1076 — светиот римски цар Хајнрих IV тргнува од Шпајер на патот за Каноса за да се сретне со папата.
  • 1084 — основана првата еврејска заедница во Шпајер.
  • 1096 — крстоносната војска на грофот Емих ги пустоши еврејските заедници во Рајнската област; Шпајерскиот епископ Јован ги засолнил Евреите во својот дворец, а потоа ги однел во тврдина вон градот. Решено е дека повредувањето на Евреи ќе се казнува со отсекување на раката.[2]
  • 1294 — епископот ги губи највеќето дотогашни права, и Шпајер станува слободен царски град на Светото Римско Царство.
  • 1349 — збришана еврејската заедница во Шпајер.
  • 1527 - 1689 — Шпајер е седиште на Царскиот камерен суд.[3]
  • 1526 — Шпајерскиот царски собор (рајхстаг) носи одлука за привремена толеранција кон лутеранските учења и богослужба.
  • 1529 — На Шпајерскиот царски собор лутеранските кнежевства на царството изразуваат силно незадоволство во врска со противреформациските, воведувајќи го поимот протестантство.
  • 1635 — маршалот на Франција, Ирбен де Маје-Брезе, заедно со војводата Жак Номпар де Комон ги освојвуаат Хајделберг и Шпајер.
  • 1689 — француската војска прави големи штети врз градот.
  • 1792 - 1814 — Шпајер паѓа под француска власт по Битката кај Шпајер.
  • 1816 — Шпајер станува управно седиште на областа Пфалц и Рајнскиот округ на Баварија (подоцна наречен Баварски Пфалц), и останува таков сè до крајот на Втората светска војкна.
  • 1883 - 1904 — изградена спомен-црква овековечувајќи ја Протестацијата од 1529 г.
  • 1947 — отворена Државната академија за управна наука (подоцна преименувана во „Германски универзитет за управни науки“ - Шпајер[4]).
  • 1990 — градот одбележува две илјади години постоење.
Remove ads

Знаменитости

Thumb
Поглед на Шпајер од катедралата.
  • Шпајерска катедрала
  • Стара градска порта
  • Спомен-црква на Протестацијата
  • Црква „Св. Троица“
  • Еврејски двор – остатоци од средновековната синагога и микве (обредна бања)
  • Технички музеј — музеј на превозот
  • Историски музеј на Пфалц

Збратимени градови

Шпајер е збратимен со следниве градови:[5]

  • Обединето Кралство Сполдинг, Велика Британија (1956)
  • Франција Шартр, Франција (1959)
  • Русија Курск, Русија (1989)
  • Италија Равена, Италија (1989)
  • Полска Гњезно, Полска (1992)
  • Израел Јавне, Израел (1998)
  • Руанда округ Русизи, Руанда (1982/2001)
  • Кина Нингде, Кина (2013)

Познати личности

Thumb
Јохан Јоахим Бехер
Thumb
Автопортрет на Анселм Фојербах, 1873 г.
  • Јуда бен Самуел (1140-1217) — еврејски писар и мислител
  • Габриел Бил (~ 1415-1495) — схоластички филозоф
  • Јохан Јоахим Бехер (1635-1682) — лекар, алхемичар, претхоник на хемијата
  • Анселм Фојербах (1829–1880) — водечки класицистички сликар
  • Карл-Адолф Холит (1891-1985) — офицер на Вермахтот
  • Кристијан Рајф (р. 1984) — скокач во далечина
  • Себастијан Лангкамп (р. 1988) — фудбалер
  • Ларс Штиндл (р. 1988) — фудбалер
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads