Шпревалд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шпревалдmap
Remove ads

Шпревалд или „Шума околу Шпре“ (германски: Spreewald, долнолужички: Błota) се наоѓа околу 100 километри југоисточно од Берлин. Бил одреден како биосферен резерват од УНЕСКО во 1991. Познат е по неговиот традиционален систем за наводнување, кој се состои од над 200 мали канали (наречени Fließe; со вкупна должина од 1.300 километри) во рамки на областа од 484 км². Пределот бил обликуван во текот на леденото доба. Шумите од евла во мочуриштата и боровите во сувите делови се карактеристички за областа. Можат да се сретнат и пасишта и полиња.

Thumb
Биосферен резерват Шпревалд
Thumb
Карта на резерватот Шпревалд
Remove ads

Опис

Thumb
Историска куќа во Леде (дел од градот Либенау

Околу 50.000 луѓе живеат во биосферниот резерват (1998). Многу од нив се наследници на првите доселеници во областа Шпревалд, словенските племиња на Лужичките Срби/Вендите. Тие успеале да го зачуваат нивниот јазик, обичаи и облека.

Луѓето главно зависат од туризмот. Многу туристи уживаат во откривањето на Шпревалд со чунови. Земјоделството, шумарството и рибарството се другите значајни извори на приходи. Главен град во областа е Либенау.

Шпревалд е употребен во имињата на следниве окрузи во Германија:

Remove ads

Природа

Околу 18.000 врсти на флора и фауна постојат во резерватот. Во 1991, Шпревалд бил прогласен за биосферен резерват од страна на УНЕСКО.

Галерија

Надворешни врски

51°54′50″N 13°55′35″E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads