Евла

род дрва From Wikipedia, the free encyclopedia

Евла
Remove ads

Евла (науч. Alnus) — род на цветни растенија од семејството брези (Betulaceae). Родот опфаќа 30 видови дрва и грмушки распространети ширум северниот умерен појас.

Кратки факти Евла, Научна класификација ...
Thumb
Израсток на корењата на евлата
Remove ads

Опис

Со неколку исклучоци, евлите се листопадни растенија со наизменични прости и назабени листови. Цветовите се во облик на реси од два пола на секое дрво. Машките реси се издолжени, а женските се пократки и често излегуваат пред да се појави зеленилото. Се опрашуваат претежно со ветерот, но и од пчели, во помала мера. Евлата се разликува од брезата (Betula, другиот род од семејството) по тоа што женските реси се дрвенести и не се распаѓаат кога ќе узреат, туку се отвораат и го ослободуваат семето слично како шишарките кај четинарите.

Најголеми видови на евла се црвената евла (A. rubra) што расте на западното крајбрежје на Северна Америка и црната евла (A. glutinosa), која е автохтона во речиси цела Европа и денес распространета низ светот. Обете надминуваат 30 м во височина. За разлика од нив, мошне застапената зелена евла (Alnus viridis) е грмушка која ретко надминува 5 м.

Во Република Македонија се среќаваат црната и зелената евла. Црната вирее во крајречните предели, додека пак зелената се среќава само на едно високо место на планината Беласица.[1]

Remove ads

Екологија

Листовите (и напати ресите) на евлата се храна за разни пеперутки и молци.

Црната и зелената евла важат за штетни растенија во Нов Зеланд.[2]

Врзување на азот

Евлата е значајна по симбиотичниот однос со актиномицетната бактерија Frankia alni што го врзува азотот. Бактеријата живее во јазолните израстоци на корењата што достигнуваат големина на тупаница, имаат мали вдлабнатини и по поја се светлокафеави. Бактеријата го впива азотот од воздухот и му го предава на дрвото. Евлата пак, на бактеријата ѝ дава шеќери, добиени со фотосинтеза. Поради овој заемно корисен однос, евлата ја подобрува плодноста на почвите кајшто расте, и како пионерски вид, придонесува со дополнителен азот за сукцесивните видови што ѝ следат.

Remove ads

Употреба кај луѓето

Thumb
Евла на грбот на Гросарл, Австрија

Деланките од извесни видови на евла се користат за чадење на разни прехранбени артикли, особено лосос и други видови морска храна.

Најголемиот дел од колците врз кои е изграден градот Венеција се добиени од евли.[3]

Кората на евлата ја содржи противвоспалителната супстанција салицин, која во телото се метаболизира како салицилна киселина.[4] Кората на црвената евла им служела на индијанците како лек против извесно труење, каснување од инсекти и надразнувања на кожата, лимфни заболувања и туберкулоза. Неодамнешните клинички испитувања укажуваат на присуството на бетулин и лупеол во црвената евла, кои се соединенија делотворни против разни тумори.[5]

Некои електрични гитари се прават од евлино дрво. Најпознати примери се „Фендер стратокастер“ и „Фендер телекастер“. Дрвото се кристи и во столаријата за изработка на креденци, регали и сл.

Класификација

Родот е поделен на три подрода:

подрод Alnus: Дрва со изданоци со дршки; машките и женските реси излегуваат на есен, но презимуваат затворени, опрашувајќи се доцна во зимата или рано на пролет; околу 15–25 вида:

  • Alnus acuminata—андска евла
  • Alnus cordata—срцелисна евла, италијанска евла
  • Alnus cremastogyne
  • Alnus firma
  • Alnus glutinosa—црна евла
Thumb
Листови на дамчестата евла (Alnus incana subsp. rugosa)
  • Alnus incana—бела евла[6] или сива евла
    • Alnus hirsuta (A. incana subsp. hirsuta)—влакнеста евла
    • Alnus oblongifolia (A. incana subsp. oblongifolia)—аризонска евла
    • Alnus rugosa (A. incana subsp. rugosa)—дамчеста евла
    • Alnus tenuifolia (A. incana subsp. tenuifolia)—тенколисна евла, планинска евла
  • Alnus japonica—јапонска евла
  • Alnus jorullensis—мексиканска евла (еден од неколкуте зимзелени видови)
  • Alnus mandshurica-манџурска евла
  • Alnus matsumurae
  • Alnus nepalensis—непалска евла
  • Alnus orientalis—источна евла
  • Alnus pendula
  • Alnus rhombifolia—бела евла, ромболисна евла
  • Alnus rubra—црвена евла
Thumb
Листови на мазната евла (Alnus serrulata)
  • Alnus serrulata—мазна евла
  • Alnus sieboldiana
  • Alnus subcordata—кавкаска евла
  • Alnus trabeculosa

подрод Clethropsis. Дрва и грмушки со изданоци со дршки; машките и женските реси излегуваат на есен и тогаш се шират и опрашуваат; три вида:

  • Alnus formosana—тајванска евла
  • Alnus maritima—приморска евла
  • Alnus nitida—хималајска евла

подрод Alnobetula. Грмушки со изданоци без дршки; машките и женските реси излегуваат доцна на пролет (по раззеленувањето на лисјата) и тогаш се шират и опрашуваат; еден до четири вида:

Thumb
Зелена евла (Alnus viridis)
  • Alnus viridis—зелена евла:
    • Alnus viridis subsp. viridis
    • Alnus viridis subsp. maximowiczii (A. maximowiczii)
    • Alnus viridis subsp. crispa (A. crispa)
    • Alnus viridis subsp. sinuata (A. sinuata) - „ситка“
Remove ads

Поврзано

  • Евла — истоимено село во Преспа
  • Евла — истоимено село во Дебарско

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads