Штит-Кентаур
спирален крак на Млечниот Пат From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Штит-Кентаур (или Штит-Јужен Крст) — долг спирален крак од гас и прав, еден од главните на Млечниот Пат.

Кракот е сместен помеѓу помалиот крак Кобилица–Стрелец и поголемиот Персеев Крак. Штит-Кентаур почнува близу средишната пречка како Штитов Крак, а потоа постепено преоѓа во Кентауров Крак.[1]
Подрачјето кајшто овој крак се поврзува со пречката на галаксијата е богато со ѕвездородни области. Во 2006 г. таму е откриено големото јато RSGC1 кое опфаќа нови ѕвезди, меѓу кои и 14 црвени суперџинови. Во 2007 г. е откриено јатото RSGC2 со околу 50.000 новонастанати ѕвезди, на само неколку стотици светлосни години од RSGC1. Второспоменатото се смета дека е помладо од 20 милиони години и содржи 26 црвени суперџинви — најголемата позната групација на такви ѕвезди.[2] Други јата на ова подрачје се RSGC3 и Аликанте 8.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads