Штит (хералдика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во хералдиката, штитот е претставува главен елемент на еден грб. Неговиот облик датира од средновековните штитови на витезите кои ги носеле во битка, па така тие се разликуваат од регион до регион. Бидејќи овој облик претставува воинствена алатка, во Британија жените користеле лозанж (ромбоиден облик), додека свештените лица и жените во континентална Европа користат кружен или овален штит. Се среќаваат и други облици како ронделата, која честопати се доделува на истакнати членови на домородното население во Канада.

Малиот штит е помал штит кој е поставен врз (во) главниот штит. Овој се користи за звања, како да речеме за претенденти, или пак со слична намена, за означување на територијални претензии (т.е. повикување на право), но може да се користи и едноставно како фигура. Во англиската хералдика сорпугот на хералдичка наследничка (жена која нема браќа) може да го постави грбот на нејзиниот татко во средиштето на неговиот сопствен грб како претензија дека тој е глава на семејството на нејзиниот татко. Потоа следното поколение овој аранжман го преуредува со накрсна поделба.
Remove ads
Точки

Ова се местата на штитот (на македонски и англиски) кои се употребуваат во блазони со цел да се опише каде (и како) треба да се нацрта фигурата:[1]
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads