Шубара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шубара или Ќулав е вид на традиционална машка зимска капа која претставува дел од македонската, бугарската, влашката, романската и српската народна носија. Претежно се носела од балканските народи кои со векови биле под османлиско владеење, истата е во форма на конус или на цилиндар висок околу 10 см, над цилиндрчните шубари може да има крзно во кружна форма или платно.Шубарите со конусна форма можат да бидат високи и до 35 см (несметајќи ја висината на нестриженото крзно) истите најчесто во црна боја, бидејќи се прави од црно јагнешко или овчо крзно (астраган, стрижено крзно) може да биде и во други бои, бела, црно-бела, и мрка ( темно кафеава до црна) или од нестрижено крзно (такви најчесто се носат во Романија, источна Србија и северна Бугарија во регионот каде што живеат Шопите, напрани од бело нестрижено крзно) но поретко и од крзно од други животни.[1][2] Таа е традиционална капа на селско население , која се носи за време на остри и студени временски прилики, но и во летниот период најчесто во планинските предели каде временските услови и во лето често се менуваат, во летниот период под шубарата (ќулафот) се носела бела марама која повремено се процедувала од потта, а додека во зима околу шубарата ( ќулафот) и ушите се завиткувала бела марама која на едниот крај најчесто имала бели реси кои виселе на задната страна од главата. За наведеното сведочат и стари фотографии од овчари, земјоделци, еснафи , Војводи и комити. Шубарите можат да бидат и украсувани со гајтани и кокарди, такви шубари носеле припадниците на милитантите групи или организации.

Remove ads
Шубарата во народната носија
Шубарата претставува една од најзастапените и најстари капи во македонската народна носија. Се правела од овчо или јагнешко крзно, во црна или, поретко, во бела боја. Имала повеќе форми: со издигнат или вовлечен врв, ниска со рамно дно и долговлакнеста, масивна „рунтава капа“, која се среќавала во планинските предели. Се носела во следниве региони: Скопска Црна Гора, Долни Полог, селата под Сува Гора, Горни Полог, Дебарски Дримкол, Голо Брдо, Дебарско Поле, Прилепско-Битолско Поле, Цапарско Поле, горните битолски села, Овче Поле, северните велешки села, Бабуна, Азот, Радовишко-Струмичко Поле, Бојмија (Гевгелиско), источниот дел на Славиште, Дурачка Река, Пијанец и Малешево. Во Горни Полог била нарекувана качула, во Малешево – гугла, во Долни Полог и Пијанец – шапка и сл. Според голем број претстави на спомениците, како што се античките рељефи и вазни, таа била носена уште од старите Илири и Тракијци.[3]
Remove ads
Поврзано
- Ушанка, руска капа
- Папаха, кавкаска капа
- Каракул, средно и јужноазиска капа
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads