1. ФК Кајзерслаутерн

германски фудбалски клуб From Wikipedia, the free encyclopedia

1. ФК Кајзерслаутерн
Remove ads

1. ФК Кајзерслаутерн (германски изговор: [ʔɛf t͡seː kaɪ̯zɐsˈlaʊ̯tɐn]), познат и само како Кајзерслаутерн или само ФКК, е германски фудбалски клуб од градот Кајзерслаутерн во западно-германската покраина Рајнска област-Пфалц. Клубот во моментов се натпреварува во 3. Лига, третото ниво на германскиот фудбал.

Кратки факти Целосно име, Прекар ...

Клубот е основан на 2 јуни 1990, со спојување на клубовите Германија 1896 и ФГ Кајзерслаутерн, а денешното име го добил во 1933 година. Како еден од основачите на Бундеслигата, Кајзерслаутерн играл непрекинато од 1963 до 1996 година во највисоката дивизија на германскиот фудбал. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998), двапати освојувач на Купот на Германија (1989-1990, 1995-1996), и еднаш победник на Суперкупот на Германија. Историски гледано, Кајзерслаутерн е меѓу најуспешните фудбалски клубови во Германија, и моментално се наоѓа на десеттото место на Вечната табела на Бундеслигата. Исто така, иако нема ниту една титула во својата историја, клубот успешно се претставувал и во европските натпреварувања каде стигнал до четвртфиналето во Лигата на шампионите во 1999 како и на двапати до полуфиналето во Купот на УЕФА. Во сезоната 1997–1998, кога Кајзерслаутерн ја освоил својата последна првенствена шампионска титула клубот тоа го направил како ново промовирана екипа која влегла во првенството од понизок ранг на натпреварување, со што е единствениот клуб во германскиот фудбал кој го сторил ова. По шест години во второто ниво, во 2018 тие испаднале во 3. Лига за првпат во својата историја.

Од 1920 година, својте домашни натпревари Кајзерслаутерн ги игра на стадионот Фриц Валтер, именуван по капитенот на репрезентацијата на Западна Германија кој ја освоил светската титула во 1954. Боите на клубот се црвената и белата.

Remove ads

Историја

Титули

1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998
Второ место (4) : 1948, 1954, 1955, 1994
  • Куп на Германија Куп на Германија : 2
1989–1990, 1995–1996
Финалист (5) : 1961, 1972, 1976, 1981, 2003
  • Суперкуп на Германија Суперкуп на Германија : 1
1991
  • Втора Бундеслига 2. Бундеслига : 2
1996–1997, 2009–2010

Поранешни играчи

  • Турција Халил Алтинтоп
  • Германија Михаел Балак
  • Германија Марио Баслер
  • Германија Андреас Бреме
  • Германија Ханс-Петер Бригел
  • Германија Андреас Бук
  • САД Томас Дули
  • Франција Јури Џоркаеф
  • Германија Михаел Дусек
  • Германија Хорст Екел
  • Германија Џералд Ерман
  • Германија Марко Хабер
  • Унгарија Тамаш Хајнал
  • Шведска Рони Хелстрем
  • Бугарија Марјан Христов
  • Чешка Мирослав Кадлец
  • Египет Самир Камуна
  • Германија Мирослав Клозе
  • Германија Хари Кох
  • Германија Вернер Колмејер
  • Чешка Павел Кука
  • Германија Штефан Кунц
  • Германија Вернер Либрих
  • Германија Роџер Луц
  • Германија Олаф Маршал
  • Германија Вернер Мелцер
  • Камерун Лисјен Метоми
  • Малта Мајкл Мифсуд
  • Шведска Торбјерн Нилсон
  • Шведска Јерген Петерсон
  • Германија Јозеф Пирунг
  • Египет Хани Рамзи
  • Германија Марко Рајх
  • Германија Томас Ридл
  • Финска Аки Рихилахти
  • Германија Аксел Рос
  • Нов Зеланд Винтон Руфер
  • Германија Оливер Шафер
  • Данска Микаел Шенберг
  • Германија Дитмар Швагер
  • Австралија Марк Шварцер
  • Швајцарија Сириако Сфорца
  • Албанија Ервин Скела
  • Луксембург Џеф Штрасер
  • Албанија Игли Таре
  • Камерун Бил Чато
  • Германија Клаус Топмелер
  • Германија Мартин Вагнер
  • Германија Фриц Валтер
  • Германија Отмар Валтер
  • Германија Роман Вајденфелер
  • Германија Тим Визе
  • Иран Феридон Занди

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads