2010 TK7

астероид From Wikipedia, the free encyclopedia

2010 TK7
Remove ads

2010 TK7 е првиот тројански астероид кој ја дели Земјината орбита во системот Земја-Месечина околу Сонцето.[3][4][5] Тројанските сателити се теоретски предвидени објекти што орбитираат 60° пред или зад планета во нејзината орбита, претходно забележани само во орбитите на Марс, Јупитер и Нептун.

Кратки факти Ознаки, Категорија на астероид ...

2010 TK7 има пречник од 300 метри.[2] Патеката на движење му осцилира околу L4 Сонце-Земја, shuttling between this and Лагранжовата точка L3 со период од околу 400 години.

Remove ads

Откривање

2010 TK7 е откриен од инфрацрвениот вселенски телескоп WISE во октомври 2010.[6] По анализата на собраните податоци, во јули 2011 е утврдено дека станува збор за тројански објект.[6]

Физички и орбитални особености

Thumb
Патеката (зелено) на 2010 TK7 пред Земјата долж Земјината орбита (сини точки)

2010 TK7 има апсолутна величина од 20,6.[7] Пречникот му изнесува 300 метри, утврден врз основа на претпоставено албедо од 0,1.[3] Досега нема податоци за спектралните својства, кои би укажале на неговиот физички состав.

Астероидот има орбитален период од 365,389 дена, мошне слично на Земјината година од 365,256 дена. On its eccentric (e = 0,191) orbit, 2010 TK7's distance од Сонцето се разликува од година до година, 0,81 до 1,19 ае.[3]

Тројанските астероиди не орбитираат токму во Лагранжовите точки, туку осцилираат околу нив во јамки со облик на полноглавец. Меѓутоа, јамката на 2010 TK7's е необично издолжена во таа мера што астероидот понекогаш се движи речиси по спротивната страна на Сонцето гледано од Земјата. Орбитата е таква што, во најблиската точка, објектот не се доближува повеќе од 20 милиони километри до Земјата, што претставува над 50 пати поголемо растојание од оддалеченоста на Месечината.

Орбитата на 2010 TK7 има хаотичен карактер, што значи дека не дозволува долгосежни предвидувања. Пред 500 г, таа можеби осцилирала околу Лагранжовата точка L5 (60 степени зад земјата), пред да се префрли на L4 преку L3. Можна е и краткотрајна нестабилна либрација околу L3, и премини на потковичести орбити.[3]

Remove ads

Можно истражување

Астероидот веројатно нема да се испитува со мисии во блиска иднина бидејќи не се врти околу Сонцето на иста рамнина со Земјата, што значи дека на истражното летало би му требало охромно количество на гориво. Во следните 10.000 години, најголемата довближеност на објектот ќе изнесува 20 милиони километри.[8]

Ваквите астероиди еден ден може да станат исплатливи како извор на елементи кои се ретки и скапоцени на Земјата. Оние со сличен состав на Земјата би требало да содржат рудни богатства на помали длабочини отколку на нашата планета. Причината за ова е што астероидот е помал и затоа му требало многу помалку време да се излади отколку што им треба на планетите. Поради ова, елементите немале доволно време да потонат толку длабоко.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads