Ad hominem

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ad hominem
Remove ads

Ad hominem (ад хоминем, од лат.: „кон/против човекот“ или „кон/против личноста“[1]), кратко за argumentum ad hominem (аргумент кон човекот) е грешка во логиката, реториката и критичното мислење во која аргументот е одбиен врз основа на некои нерелевантни факти во врска со лицето кое го презентира аргументот.[2] Вообичаено се класифицира како неформална логичка грешка[3][4][5] и попрецизно - како нерелевантност,[6] која го завртува вниманието на противникот и публиката од темата на спорот, и ги насочува кон личните квалитети на противникот.

Thumb
Напаѓачкиот фудбалер се стреми кон топката, а не кон голманот. „Играј со топката, а не со човекот“ е честа метафора против аргументите ad hominem.

Некои автори разликуваат различни подвидови на логички заблуди: ad personam ("кон личноста") - лични напади, се состојат во критика или навреда на противникот; ad hominem circumstantiae - објаснување на гледната точка на противникот со заобиколување на околностите и други.

Ad feminam се користи во обид да се порази аргумент на жена со свои лични размислувања и чувства за жените, особено предрасуди против нив.[7][8] Еден пример би бил одговорот "Дали е тоа време од месецот?". Терминот најчесто се користи во оваа смисла во феминистичката филозофија, за да се напоменат системски тенденции да се дискредитираат мислењата на жените.

Латинскиот зборот homo има родово неутрално значење на "човечко суштество", "лице". Спротивно на тоа, ad feminam е родово специфичен и се користи за да се опишат напади врз жените како жени или затоа што се жени.[9]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads