B2B
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
B2B (од англиски: business-to-business) или бизнис до бизнис ја опишува размената на производи, услуги и информации меѓу претпријатија.[1] Поврзани поими, но со друго значење се B2C (business-to-consumer) и G2B (government-to-business). Денес, обемот на трансакциите во рамките на B2B е значително поголем за разлика од оној во B2C.[2][3][4]
Потекло на поимот
Првично, поимот бил смислен за да ги опише електронските комуникации меѓу претпријатијата и организациите, со цел да се направи разлика од комуникациите меѓу претпријатијата и потрошувачите („B2C“). Поимот се употребува и во маркетингот и најпрво се однесувал само на индустриските и капиталните добра. Неговата денешна употреба ги опфаќа сите производи и услуги со кои тргуваат претпријатијата.
Предности
Успешноста на B2B е најмногу под влијание на зголемената потреба за подобрување на деловните процеси, а не на подобрувањето на технологијата. Почетокот на електронската трговија на Интернет била започната во текот на 1990-тите години од страна на претпријатија како: FedEx, Cisco, Dell и GE.
Како поетфина, флексибилна и универзална мрежа, Интернетот им овозможува на малите претпријатија да се вклучат во современата електронска трговија. Оваа технологија, исто така, овозможува обработка ан трансакциите во реално време и побогата размена на податоци.
Меѓу другото, позитивните ефекти од постоењето на B2Bсе и: значајното намалување на трошоците, зголемување на транспарентноста во работењето, полесен пристпан на нови пазари и развојот на бројни нови транскациски методи.
Remove ads
Поврзано
- B2C;
- G2B;
- C2C;
- G2C;
- Електронска трговија.
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads