Bloc Party

британска инди-рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia

Bloc Party
Remove ads

Bloc Party (транскрипција: Блок парти) ― англиска рок-група основана во Лондон во 1999 година. Групата ја основале Келе Окерики и Расел Лисак. Во сегашниот состав членуваат и: Луиз Бартл и Хари Дикон. Поранешните членови Мет Тонг, Гордон Моакс и Џастин Харис ја напуштиле групата во 2013, 2015 и 2023 година соодветно. Музиката на Bloc Party жанровски се класифицира како рок, но таа често содржи и елементи од други жанрови како електроника и хаус-музика.

Кратки факти Животописни податоци, Потекло ...

Од основањето во 1999 година групата сменила неколку имиња, меѓу кои The Angel Range, Diet и Union. Во септември 2003 година конечно го прифатиле сегашното име на групата, Bloc Party. Моакс се придружил на групата по објавен оглас во списанието NME, а Тонг бил избран на аудиција. На музичката сцена Bloc Party се пробиле откако им дале копија од нивната демо-снимка „She's Hearing Voices“ на диџејот Стив Ламак од Би-Би-Си Радио 1 и на Алекс Капранос од Franz Ferdinand.

Во февруари 2005 година бил издаден првиот албум на групата, Silent Alarm. Албумот добил позитивни критики, а на PLUG наградите во 2006 година бил прогласен за инди-албум на годината. Списанието за инди-музика, NME го прогласил за албум на годината. Уште истата година албумот за здобил со платинест сертификат во Британија. Во 2007 година групата го објавила вториот студиски албум, A Weekend in the City. Албумот бил подеднакво успешен како и неговиот претходник и се искачил на второ место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и на дванаесето место на Билборд 200. Во август 2008 година, Блок Парти го објавиле нивниот трет студиски албум, Intimacy, кој дебитирал на осмото место на топ-листата за албуми во Велика Британија и на осумнаесеттото место на Билборд 200.

Во октомври 2009 година групата заминала на пауза за да се насочи на споредни проекти. Тие се обединиле во септември 2011 година и веднаш потоа го издадале нивниот четврти албум, Four. Во август 2013 година, Блок Парти го издала третото ЕП под наслов The Nextwave Sessions; групата потоа започнала уште една неодредена пауза за нејзините членови да продолжат со нивните соодветни споредни проекти. Петтиот студиски албум на групата, Hymns, прв во кој биле вклучени Харис и Бартл, бил објавен на 29 јануари 2016 година. Нивниот шести студиски албум, Alpha Games, бил објавен на 29 април 2022 година. На 21 јули 2023 година, тие го објавија High Life EP. Блок Парти имаат продадено над 3 милиони албуми ширум светот. [1]

Remove ads

Музички стил

Thumb
Келе Окереке

Музичкиот стил на Блок Парти се опишува како инди-рок,[2] [3] пост-панк преродба,[4] пост-бритпоп,[5] алтернативен рок,[6] арт-панк, [7] арт-рок, [8] денс-рок, [9] [10] и алтернативна денс-музика.[9] Гитарскиот рок на Блок Парти се потпира на влијанија од групи како: The Chemical Brothers,[11] Pixies, Joy Division, Sonic Youth и The Smiths.[12] За време на снимањето на вториот албум A Weekend in the City, групата навела дека ќе содржи „R&B стилизиран ритам, песна каде што [Тонг] и [Моакс] чукаат на тапани“, [13] за разлика од музиката која дотогаш ја објавиле. Овој стил бил споредуван и бил инспириран од групи како: Radiohead, U2, Depeche Mode и Björk.[14] Некои од најзабележливите промени помеѓу дебитантскиот Silent Alarm и A Weekend in the City се тоа што песните станале послоевити и помалку сурови поради вклучувањето на гудачки секции.

По објавувањето на „Flux“, стилот на Блок Парти станал уште поразновиден со вклучувањето на електронската музика. „ Третиот албум на групата Intimacy, исто така, содржи синт-поп елементи, обработени звуци на тапани, манипулација на глас и хорски секции. Иако албумот бил под влијание на електронската музика, групата и понатаму ги задржала гитарските делови.

Remove ads

Членови

Сеагшни членови

  • Келе Окереке – водечки вокал, ритам гитара, семплер, електричен пијано (1999-денес)
  • Расел Лисак – водечка гитара, семплер, синтисајзер, програмирање (1999-денес)
  • Луиз Бартл – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (2015-денес)

Сегашни музичари за турнеја

  • Хари Дикон – бас гитара, синтисајзер, придружен вокал (2023-сега) [15]

Поранешни членови

  • Гордон Моакс – бас гитара, придружни и повремени водечки вокали, клавијатури, синтисајзер, тапани, глокеншпил (2002–2015)
  • Мет Тонг – тапани, перкусии, придружни вокали (2002–2013)
  • Џастин Харис – бас гитара, придружен вокал, синтисајзер, глокеншпил, саксофон (2015–2023)

Поранешни музичари за турнеја

  • Сара Џонс – тапани, перкусии (2013) [16]
  • Даниел Пугсли – бас гитара, клавијатури, придружни вокали (2023)
Remove ads

Дискографија

  • Silent Alarm (2005)
  • A Weekend in the City (2007)
  • Intimacy (2008)
  • Four (2012)
  • Hymns (2016)
  • Alpha Games (2022)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads