Cirkus
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Cirkus“ (македонски: Циркус) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2013 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Федор Боиќ. Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто е изненаден од чудниот исход на нејзината врска, којшто ја потсетува на циркус“.
Со цел да ја промовира, Розга ја извела „Cirkus“ во живо за време на фестивали и телевизиски настапи, а потоа и на некои од нејзините концерти. Музичкото видео за песната е во режија на Дејан Миличевиќ и е издадено на 23 декември 2013 година. Синглот бил и комерцијално успешен, искачувајќи се на 2-то место на листата за синглови во Хрватска, HR Top 40.[1] Денес, важи за една од најпознатите песни на пејачката и на нејзините концерти е пропратен со гласно пеење од публиката. Во 2022 година, Розга ја преснимува песната во акустична преработка за нејзиниот компилациски албум Minut srca mog.
Remove ads
Заднина
„Cirkus“ била премиерно изведена за време на шоу програма во ноември 2011 година. Според Розга, песната веднаш наишла на добра реакција од публиката. Розга сакала да сними бавна балада покрај повеќето брзи песни кои тогаш ги снимала. Изјавила дека таа многу верувала во песната.[2]
Музичко видео
Музичкото видео за „Cirkus“ е снимено во декември 2013 година во Белград.[2]
Настапи во живо
Првиот промотивен настап на песната бил објавен на официјалниот канал на Јутјуб на пејачката на 2 ноември 2013 година.[3] На 31 мај 2022, настапот од Розга на акустична верзија на песната е објавен на официјалниот канал на Радио Телевизија Србије.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads