Вилдпретова волчја опашка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вилдпретова волчја опашка
Remove ads

Вилдпретова волчја опашка (науч. Echium wildpretii) — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена волчја опашка, тенерифска волчја опашка или теидска волчја опашка.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).

Кратки факти Вилдпретова волчја опашка, Научна класификација ...
Thumb
Цветови на Вилдпретовата волчја опашка
Remove ads

Распространетост

Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.

Опис

Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м.

Процут

Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.

Употреба

Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads