Теиде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Теиде
Remove ads

Теиде (шпански: Teide) — вулкан се наоѓа на островот Тенерифе на (Канарските Острови, Шпанија). Со висина од 3718 метри надморска височина, а повеќе од 7.000 метри над океанот, е највисокиот врв во Шпанија, било површината во Атлантскиот Океан и трет по големина вулкан на Земјата од својата основа. Дел од националниот парк Теиде, исто така е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО во 2007 година. Теиде е најпосетуваното чудо на природата во Шпанија, најпосетуваниот национален парк во Шпанија и Европа – до 2015 – деветтото најпосетувано место во светот,[2] со околу 3 милиони посетители годишно.[3] Во 2016, вулканот бил посетен од 4,079,823 посетители и туристи со што бил забележан историски рекорд.[4][5] Голема меѓународна астрономска опсерваторија се наоѓа на падините на планината.

Кратки факти Теиде, Највисока точка ...
Remove ads

Име

Пред шпанската колонизација на Тенерифе во 1496, месните жители Гванчи вулканот го нарекувале Ечејде, кој во нивната легенда се однесувал на моќниот лик кој излегува од вулканот, кој се претвора во пекол. Современиот шпански назив за вулканот е Ел Пико дел Теиде.

Легенди

Теиде е света планина за домородните Гванчи, па затоа се смета за митолошка планина, исто како што е Олимп за античките Грци. Според легендата, Гвајота (ѓаволот) го грабнал Махек (бог на светлината и сонцето) и го затворил во внатрешноста на вулканот, правејќи темнина во светот. Гванчите го молеле нивниот врховен бог Ачаман за милост, па тој се борел со Гвајота, го ослободил Махек од утробата на планината и го затнал кратерот со Гвајота. Легендата вели дека од тогаш, Гвајота останал затворен во Теиде. Кога се оди на Теиде за време на ерупција, Гванчите палат огнови за да го плашат Гвајота. Гвајота често е претставен како црно куче, придружен со неговите домаќини демони (Тибичена).

Гванчите, исто така, верувале дека Теиде го држи небото. Многу места во планините содржат остатоци од камени алатки и керамика. Тие се толкувале како ритуални дарови против влијанието на злите духови, како и оние направени од страна на Берберите од Кабили. Гванчите верувале дека планината е место каде што се сместени силите на злото и врховниот лик на злото, Гвајота.[6]

Одликите на Гвајота се слични на оние на другите моќни божества кои живеат во вулкани, како што е божицата Пеле од хавајската митологија, која живее во вулканот Килауеја и која локалните Хавајци ја сметаат одговорна за ерупција на вулканот.[7]

Remove ads

Формирање

Thumb
Сателитска слика на Тенерифе заедно со вулканските масиви
Thumb
Дијаграм за формирањето на вулканот во 5 етапи

Стратовулканите Теиде и Пико Виејо (Стар Врв, макар што тој е помлад од Теиде) се најскорешни центри на активност на вулканскиот остров Тенерифе, којшто е најголем (2058км2) и највисок (3718м) од сите Канарски Острови. Вулканот има сложена вулканска историја. Формирањето на островот и развојот на тековниот вулкан Теиде се одвивал во пет етапи прикажани на сликата десно.

Прва етапа

Исто како другите Канарски Острови и воглавно повеќето вулкански океански острови, Тенерифе настанал со акреција на три големи штитести вулкани, кои се развиле во релативно краток период.[8] Оваа почетна фаза на вулканизам го формирала најголемиот дел од копното на островот Тенерифе. Штитестите вулкани датираат од миоценот и почетокот на плиоценот[9] и се зачувани во три изолирани и длабоко еродирани масиви: Анага (на североисток), Тено (на северозапад) и Роке дел Конде (на југ)[10] Се претпоставува дека секој штит бил формиран за помалку од три милиони години а целиот остров за околу осум милиони години.[11]

Етапа два и три

По почетната млада фаза следел период од 2-3 милиони години на еруптивна инертност и ерозија. Оваа престанок на активноста е типичен за Канарските Острови. Ла Гомера, на пример, во моментов е во оваа фаза.[12] По овој период на инертност, вулканската активност станала концентрирана во две големи зданија: централниот вулкан на Лас Кањадас, и масивот Анага. Вулканот Лас Кањадас во тек на миоценот развил штитести вулкани и достигнал пречник од 40 км со височина од 4500 м.[13]

Четврта фаза

Пред околу 160-220 илјади години врвот на Лас Кањадас I вулканот се срушил, создавајќи ја купата Лас Кањадас (Уканка).[11] Подоцна, нов стратовулкан, Лас Кањадас II, се формирал а потоа катастрофално се распаднал. Друг вулкан, Лас Кањадас III, се формирал во секторот Диего Ернандес. Сите Лас Кањадас вулкани достигнале максимална височина слична на онаа на Теиде (кој понекогаш се нарекува како Лас Кањадас IV).

Постојат две теории за формирањето на купата 16х9 км.[14] Првата наведува дека депресијата е резултат на вертикален колапс на вулканот предизвикан од празнење на плитките магматски комори околу нивото на морето под вулканот Лас Кањадас по големи експлозивни ерупции.[11][15][16] Втората теорија е дека купата била формирана со низа на странични гравитациски колапси слични на оние опишани во Хаваи.[17] Докази за втората теорија се пронајдени во морско геолошките студии.[11][18].

Петта фаза

Пред околу 160.000 години до денес, стратовулканите Теиде и Пико Виејо се формирала купата во Лас Кањадас.

Remove ads

Историски ерупции

Теиде последен пат избил во 1909 од Ел Чињеро[11] на гребенот Сантјаго. Историски вулканска активност на островот е поврзана со отворите на Сантјаго или северозападниот гребен (Бока Кангрехо во 1492 година, Монтањас Неграс во 1706[11] Нарицес дел Тједе или Чахора во 1798 година и Ел Чињеро во 1909)  или североисточниот гребен (Фаснија во 1704, Сиете Фуентес и Арафо во 1705). Во 1706, ерупцијата на Монтањас Неграс го уништила градот и главна порта на Гарачико, како и неколку помали села.

Thumb
Теиде, еден од вулканите на декадата

Историска активност поврзана со стратовулканите Теиде и Пико Виејо се случила во 1798 година од Наричес дел Теиде на западниот крило на Пико Виејо.[11] Еруптивен материјал од Пико Виејо, Монтања Теиде и Монтања Бланка делумно ја исполнуваат купата на Лас Кањадас.[10] Последната експлозивна ерупција која го вклучува централниот вулкански центар бил од Монтања Бланка пред околу 2000 години. Последната ерупција во купата Лас Кањадас се случила во 1798 година од Наричес дел Тиеде или Чахора (Ноздрите на Тиеде) на западното крило на Пико Виејо. Ерупцијата претежно била стромболинска и повеќето од лавата била 'A'ā.

Кристофер Колумбо видел "голем пожар во долината Оротава" кога пловел близу до Тенерифе на своето патување за откривање на Новиот Свет во 1492 година. Ова било толкувано дека тој бил сведок на ерупција таму. Радиометричкото датирање за можни лави покажува дека во 1492 немало ерупција во Оротава, но една се случила од кратерот Бока Кангрејо.[11]

Последната ерупција на врвот на Теиде се случила во 850 година, и оваа ерупција ги произвела "Црните лави" (шпански: Lavas Negras) кои покриваат голем дел од падините на вулканот.

Пред околу 150,000 години, многу поголема експлозивна ерупција се случила, веројатно со вулкански експлозивен индекс 5. Тоа ја создадала купата Лас Кањадас, голема купа на околу 2.000 метри надморска височина, на 16 километри од исток кон запад и 9 километри од север кон југ. Самиот врв на Теиде на 3718 метри и неговиот сестрински стратовулкан Пико Виејо (3134 м) се наоѓаат на северната половина на купата и се добиени од ерупции кои дошле подоцна од оваа праисториска експлозија.

Thumb
Панорамски приказ на североисточната страна на Теиде во Тенерифе
Remove ads

Потенцијални ерупции

Идните ерупции може да вклучуваат пирокластични текови слични на оние коишто се случиле на планината Пеле, Мерапи, ВезувЕтна, Суфриер, Унцен и на други места. Во текот на 2003 година имало зголемена сеизмичка активност на вулканот и гребенот се отворил на североисточната падина. Немало еруптивна активност но количество на материјал - веројатно течност - се поместил со проценет обем од ~1011 m3. Таквата активност може да укажува на тоа дека магмата се зголемува, но тоа не секогаш претходи на ерупција. Теиде се смета за структурно нестабилен и неговото северно крило има карактеристичен булбус. На врвот на вулканот има голем број на мали активни фумароли емитуваат сулфур диоксид и други гасови, вклучително и ниските нивоа на водороден сулфид.

Студија од 2009 година заклучува дека Теиде веројатно ќе еруптира силно во иднина и дека неговата структура е слична на онаа на Везув и Етна.[19]

Remove ads

Позначајни искачувања

Во едно издание на 1626, Сер Едмунд Скори, кој веројатно престојувал на островот во првите децении на 17 век, дава опис на Теиде, каде ги бележи соодветни патеки до врвот и ефектите што височината ги предизвикувала кај патниците, што пак укажува на тоа дека вулканот бил пристапен низ разни правци пред 17 век.[20] Во 1715 на англискиот патник Џ.Иденс се искачил на Теиде и своите опсервации ги објавил во весник во Лондон.[21]

Поголемиот дел од експедиции кои оделе за Источна Африка и Тихиот Океан го имале Теиде како една од целите. Експедицијата на лорд Џорџ Макартни, Џорџ Стонтон и Џон Бароу во 1792 за малку ќе завршела со трагедија, кога на нив наишла снежна бура со ветер па тие не успеале да стигнат до врвот на Теиде, туку само до Монтања Бланка.[21]

За време на експедиција на Килиманџаро, германски авантурист Ханс Хајнрих Јосиф Мејер го посетил Теиде во 1894 за да го набљудува мразот на вулканот. Тој двете планини ги опишал како "двајца кралеви, едниот воздигнувајќи се во океанот а другиот во пустината и степата".

Неодамна во ноември 2017, Гема Хасен Беј стана првата параолимпијка во светот која во инвалидска количка стигнала до 3,000 метри надморска височина туркајќи се на раце. Првично, Гема сакала да стигне до врвот на Теиде но поради временските услови, не можела да ја исполни оваа цел.[22]

Remove ads

Флора и фауна

Thumb
Љубичица сликана на врвот на Теиде во 1994

Падините на Теиде имаат богата минерална почва која поддржува широк спектар на растенијата. Васкуларната флора се состои од 168 растителни видови, од кои 33 се ендемски за Тенерифе.[23]

Боровите шуми на Канарските Острови (Pinus canariensis) и оние со смрека (Juniperus cedrus) се јавуваат на 1000 до 2000 метри надморска височина покривајќи ги средните падини на вулканот а Теидската љубичица (Viola cheiranthifolia) може да се најде само на врвот, со што е цветно растение на најголема височина во Шпанија.[24] Овие растенија се прилагодени на тешките услови на животната средина на вулкан, како што се високата надморска височина, интензивната светлина, екстремните температурни варијации и недостатокот на влага.[25][26] Цветањето се одвива во доцна пролет или рано лето, во мај и јуни.[23]

Remove ads

Научна примена

Националниот парк Теиде е корисна вулканска референтна точка за проучувања кои се поврзани со Марс поради сличностите во нивните еколошки услови и геолошки формации. Во јуни 2011 година, тим од научници од Велика Британија го посетил паркот заради тестирање на метод за потрага за живот на Марс и барање соодветни места за да ги тестира новите роботски возила во 2012 година.[27]

Пристап

Thumb
Планината Теиде со облак на врвот

Вулканот и неговата околина, вклучително и на целата територија на купата Лас Кањадас се заштитени и се дел од Националниот парк. Пристапот дотаму е по јавен пат кој води од североисток кон југозапад низ купата. Во паркот има парадор  (хотел) и мала црква. Жичарница води од патот (на 2356 метри) речиси до врвот (на 3555 метри). Во кабината се превезуваат по 38 патници, на секои осум минути. Редиците надминуваат и по два часа во шпицот на сезоната. Пристапот на врвот е ограничен и се бара дозвола за да се искачат последните 200 метри. Бројките обично се ограничени на 200 посетители дневно. Поради надморска височина, воздухот е значително потенок отколку на ниво на морето. Ова може да предизвика луѓе (особено со болести на срцето или белите дробови) да чувствуваат вртоглавица, да развијат височинска болест и во екстремни случаи и да ја изгубат свеста. Единствен лек за тоа е да се вратат на пониски надморски височини и да се аклиматизираат.

Астрономска опсерваторија

Thumb
Опсерваторија на Теиде

Астрономска опсерваторија се наоѓа на падините на планината. Со опсерваторијата  управува Институтот за астрофизика на Канарските Острови. Опсерваторијата , покрај традиционалните оптички ноќновременски телескопи вклучува и сончеви, радио и микробранови телескопи.

Симбол

Thumb
Грбот на Тенерифе

Теиде е главен симбол на Тенерифе и најсимболичен природен споменик на Канарските Острови. На грбот прикажан е вулканот Теиде од кој извира пламен. Над вулканот се појавува Св. Михаил, светец-заштитник на Тенерифе. Боите на знамето се темносината, што традиционално се идентификува со морето кое го опкружува островот, и белата за белината на снегот што ги покрива планинските врвови на планината Теиде во тек на зимата. 

Remove ads

Галерија

Поврзано

  • Национален парк Теиде
  • Муласен — највисок врв во континентална Шпанија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads