GLUT-4
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
GLUT-4 (гликозен транспортер тип 4) (ген : SLC2A4 ) е белковина која е локализирана главно во везикули во клетките на цицачите. GLUT-4 претставува мембранска транспортна белковина. Кај луѓето, GLUT-4 се експримира во скелетните мускули и масните клетки. Една од ефектите од врзувањето на инсулин за инсулинскиот рецептор е соединување на GLUT-4-везикулите со клеточната мембрана, односно вградување на GLUT-4 транспортните белковини на клеточната мембрана, со што се овозможува преземање на гликозата во клетката. Мутациите во генот GLUT4 може да доведат до недостаток на GLUT-4, а со тоа до (ретка) наследна форма на дијабетес мелитус тип 2.

Remove ads
Функција
Кога нивото на инсулин е ниско, везикулите GLUT-4 полека мигрираат кон ендозомите и подлежат на разградба. Кога се зголемува нивото на шеќер во крвта, расте и нивото на инсулин во крвта. Инсулинот посредува во спојувањето на везикулите со плазма мембраната на клеточната површина. По вградување на GLUT-4 на плазма мембраната на клетката како резултат на сигналната трансдукција иницирана од врзувањето на инсулинот за неговиот инсулински рецептор, навлегувањето на гликозата во клетката може брзо да се зголеми за 20-50 пати. Транспортерите (GLUT-4) потоа се внесуваат со ендоцитоза во внатрешноста на клетката и можат да бидат повторно искористени. Преземената гликоза во масните клетки се користи за синтеза на триглицериди (масти), а во мускулите може да се складира во форма на гликоген или пак де се искористи за добивање енергија за мускулна работа.
Remove ads
Регулација
Преземањето на гликоза во мускулните клетки се регулира преку бројот GLUT-4 молекули во клеточната мембрана и истовремено со честотата на нивното рециклирање преку ендоцитоза. Исто така може да се промени и активноста на GLUT-4 транспортерот. Бројот на GLUT-4 транспортери главно се зголемува преку ефектите на инсулинот. Брзината на рециклирање може да се забави со мускулна контракција, деполаризација или недостаток на енергија. Активноста на GLUT-4 се намалува кога ензимите глицералдехид-3-фосфат дехидрогеназа или хексокиназа II се врзуваат за GLUT-4.[1][2][3]
Remove ads
Дополнителна литература
Поединечни докази
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads