Гугл

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гугл
Remove ads

Google Inc. или гугламериканска корпорација специјализирана за интернет-пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други услуги. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главното седиште на компанијата, познато под името Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.

Кратки факти Вид, Дејност ...
Remove ads

Историјат

Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнувале неофицијално во јануари 1997 година, на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнувале со работа на 7 септември 1998 година, започнувајќи со својот интернет пребарувач. Потоа, тие успеале својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја, како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео-формати и слично.[1][2]

Remove ads

Името на фирмата

Името Google претставува игра на зборови, т.е. тоа е изведено од зборот „гугол“ (googol) - математички термин за број, претставен со единица и 100 нули. Поради популарноста на пребарувачката машина, во англискиот јазик се појавил неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“. Овој збор е додадена во Оксфордскиот англиски речник и во Merriam-Webster.

Gmail

Gmail е веб-заснован поштенски клиент. Корисниците имаат возможност да добиваат електронски писма од други локални клиенти. Како и други дополнителни функционалности, која ја прави услугата на Google популарна и лесна за користење.

Remove ads

Операции и финансиски резултати

Во 2018 година, регулаторните тела на Европската комисија за заштита на конкуренцијата ѝ изрекле казна на „Алфабет“ (Alphabet), фирмата-мајка на „Гугл“, во висина од 4,6 милијарди евра. Казната била изречена поради злоупотреба на оперативниот системАндроид“ во наметнувањето на интернет-пребарувачот „Гугл Хром“ (Google Chrome) и на системот за апликации „Гугл плеј“ (Google Play). Претходно, во 2017 година, „Гугл“ бил принуден да плати казна од 2,5 милијарди евра.[3]

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads