Greatest Hits... So Far!!!
компилационен албум од Пинк From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Greatest Hits... So Far!!! е првиот компилационен албум на американската пејачка/текстописец, Пинк. Албумот бил издаден на 12 ноември 2010, преку издавачката куќа LaFace Records, во прослава на една деценија од започнувањето на музичката кариера на Пинк.
Во албумот се наоѓаат најголемите хитови на Пинк од сите нејзини студиски албуми. Списокот на песните во албумот е различен во зависност од регионот, а исто така се наоѓаат и три нови песни , од кои само две се присутни на северноамериканското издание, а тоа се хит сингловите „Raise Your Glass“ и „Fuckin' Perfect“.
Greatest Hits... So Far!!! е петтиот Топ 10 албум на Пинк во САД и нејзиниот шести последователен мулти-платински албум во Австралија. Според официјалното мрежно место на Пинк, албумот има продадено повеќе од 2.5 милиони копии ширум светот.[2]
Remove ads
Заднина
Во септември 2010, MTV Бразил кажал дека Пинк ќе издава албум од најдобри хитови во четвртата четвртина на 2010.[3] Неколку дена подоцна, од режисерот Колионе било потврдено дека тој снимил ново видео со Пинк.[4]
Синглови
„Raise Your Glass“ бил издаден како водечки сингл на албумот за време на првата недела во октмоври. Преку Твитер профилот на Пинк било изјавено дека таа ќе го издаде синглот, кој подоцна се искачил во првите топ места на табелите во САД и Австралија. Според Пинк, песната е посветена на оние кои „почувствувале дека не се дел од популарната публика“. Музичкото видео за песната, режирано од Дејв Мејерс ги прикажува геј баковите и правата на животните.
„Fuckin' Perfect“ е издаден како вториот сингл од албумот. Песната се искачила на неколку табели и пред нејзиниото официјално издавање како сингл и ги има преминато 10 место во Австралија и 2 место во САД. Во Обединетото Кралство, песната е издадена во февруари, но сепак се искачила на 71 место на Британската табела за албуми пред официјалното издавање на песната. Музичкото видео за песната е снимено за време на бременоста на Пинк, а во него глуми глумицата Тина Мајорино, која игра улога на девојка која како помлада постојано запаѓа во неволји, но таа е порасната во позната личност. Песната е меѓу првите топ 10 на Билборд Хот 100.
Remove ads
Track listing
Remove ads
Историја на издавање
Табели, продажби и искачувања
Претходник Greatest Hits од Бон Џови |
Број-еден албум на австралиската табела за албуми 22 ноември 2010 – 21 февруари 2011 |
Наследник Crazy Love од Мајкл Бубле |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads