Heat (парфем)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Heat е првиот женски парфем создаден од Бијонсе Ноулс со издавачката куќа Givaudan Claude Dir and Olivier Gillotin одобрен од страна на Бијонсе Ноулс. Слоганот на парфемот е „Фати ја треската.“ (Catch the fever)
Remove ads
Информации
Парфемот е издаден во САД во февруари 2010.[2] Heat е создаден од Бијонсе Ноулс и содржи мириси на црвена ванила, орхидеја, магнолија, нероли и румена праска.[3] „Наречен е Heat, па ние сакавме додатоците да бидат запотени и росни,“ рекла таа. „Моите најсекси моменти се кога излегувам од кадата или тушот и сум чиста, па сакам да го вклучам тоа во моите парфеми.“[3] Ноулс го извлекла парфемот од поминатите турнеи. „Многу од моите настапи вклучуваа оган, па си помисливме ‘Heat.’ Исто така црвената е една од моите омилени бои, како и златната,“ и поради тоа двете бои се наоѓаат на рамката на шишенцето. „Па потоа кога почнавме да го правиме шишенцето изгледаше како да е запалено. Јас сакам стари шишенца — мојата мајка имаше колекција од нив додека јас растев. Сакав нешто со уникатно модерно чувство. Дури и со мојата гардероба, секогаш пробувам да најдам работи кои имаат нешто малку постаромодно, но сè уште класично. Почувствував дека шишето имаше по малку од двете.“[4]
„ | „Сè од дизајнот на шишето за името и идеите за реклами - тоа сум јас. Кога ќе се заложам за нешто, го правам тоа 100 проценти!“ [5] | “ |
Remove ads
Промоција

ТВ рекламата за Heat била режирана од Џејк Нава, кој ги снимиле видеата на Ноулс за песните „Single Ladies (Put a Ring on It)“, „If I Were a Boy“, „Beautiful Liar“, „Baby Boy“ и „Crazy In Love“. Рекламата ја покажува Бијонсе облечена во црвен сатенски фустан која се поти во собата, додека нејзината преработка на „Fever“ свири во позадината.[4] Печатената реклама, снимена од страна на Мајкл Томпсон, ја опишува сензационата Ноулс во истиот фустан носен во ТВ-кампањата.[6]
Во ноември 2010, рекламата била забранета од чувари во Велика Британија поради вулгарноста, топлината, велејќи дека не смее да биде прикажан до 19:30. Огласот, од Стандардното Авторството за Реклами во Обединетото Кралство, откриле дека објавувањето е „сексуално провокативно“ и поднеле жалби против него.[7]
Ноулс ја издала втората преработка на песната „Fever“ како сингл во САД и Канада во iTunes продавниците на 9 февруари 2010 за да го промовира парфемот.[8] Песната била овозможена за дигитално спуштање во Обединетото Кралство на 22 февруари 2010.[9]
Ограничен EP албум
Ограничен EP албум наречен Heat бил издаден за промоција на парфемот. Промоцијата на парфемот во САД била заедно со бесплатен торба,[11] додека ограничено издание од EP албумот е користено за промоција во сите продавници во Обединетото Кралство.[12] Издание со компактен диск од EP-от е вклучен со секо купено шишенце од Heat од 50 ml.[12] ВО 2003, Ноулс ја преработила песната од Литл Вили Џон, „Fever“ за саундтракот на The Fighting Temptations. Ноулс подоцна повторно ја снимила песната за рекламата за парфемот и за албумот Heat. EP-от исто така содржи ремиксови ис песните кои Ноулс претходно ги снимила; Karmatronic направил ремикс на „At Last“ и „Satellites“, Catalyst направил ремикс на „Broken-Hearted Girl“ и Lost Daze направил ремикс на „Smash Into You“. Ремиксот на Catalyst на „Broken-Hearted Girl“ бил претходно во ремикс албумот на Ноулс од 2009 наречен Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes.[13] Додека го промовирал Heat, британскаат малопродажна продавница Debenhams изјавила дека се состои од пет најдобри хитови на Ноулс.[14] „Fever“ бил издаден како промоционален сингл на 8 февруари 2010 со што бил овозможен за дигитално спуштање.[15]
Список на песни
Личности
Кредитите преземи од ЦД-то за Heat:[10]
- Дополнителен продуцент - Бијонсе Ноулс, Мое Кохен
- Вокали - Бијонсе Ноулс
- Мастеринг - Том Којне
- Продуценти - Бијонсе Ноулс, Чик Сантана, Акилис Спарта, Петер Кразкар, Каталист, Френк Демарија, Антони Сапито, Пис Бисквит
- Ремикс Координација - Анџело „Пепе“ Скордос, Бил Колозман
Remove ads
Прием
Неколку дена по издавањето на парфемот, тој станал број-едеn мирис во Америка.[16] Парфемот ја освоил Наградата за Животен Стил на норвепките козметички награди.[17] Жирито рекли: „Дамата зад него е визионер, трендовски глобална икона, модел кој докажува дека сè е возможно. Нејзиниот стил претставува мешавина од секси и шик елеганција. Сега самата суштина на нејзиниот самоуверен стил е инспириран од една волшебен мирис кој ослободува моќен оган од неговата внатрешност.“
Производи
Heat изданијата на Ноулс вклучуваат парфеми во различни големини — [18]
- 1 oz. за $39
- 1.7 oz. за $49
- 3.4 oz. за $59
- 6.8-oz. Златен лосион за тело од $24.
Heat Ултиматен Еликсир
Во август 2010 било изјавено дека Ноулс повторно ќе го издава нејзиниот прв парфем како ултиметен еликсир користејќи мириси кои ќе прикажат поприватна страна на забавувач.[20] Парфемот е издаден во септември 2010.[19] Темата на парфемот е да се понуди поинтензивна и посензуална верзија на оригиналниот Heat.[21]
Производи
Миристо е издаден во парфем од 50 милилитри ($59).[22]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads