ICMPv6
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Internet Control Message Protocol version 6 (ICMPv6) е имплементацијата на Internet Control Message Protocol (ICMP) за Internet Protocol version 6 (IPv6) дефинирана во RFC 4443.[1] ICMPv6 e интегрален дел од IPv6 и извршува пријавување на грешки, дијагностички фукции, и фрејмворк за екстензии за имплеметација на идни промени. Објавени се неколку екстензии, кои дефинираат нови ICMPv6 типови на пораким како и нови опции за веќе постоечки типови. NDP е протокол за откривање на јазли во IPv6 кој ги заменува и збогатува функциите од ARP. SEND е екстензија на NDP со додатна сигурност. MDR дозволува откривање на мултикаст насочувачи.
Remove ads
Технички детали
ICMPv6 пораките можат да бидат класифицирани во две категории: пораки за грешки и пораки за информации. ICMPv6 пораките се транспортираат со IPv6 пакети во кои IPv6 Next Header вредноста е 58.
Формати на пакети
ICMPv6 пакетот се содржи од заглавие и содржина на протоколот. Заглавието се содржи од три полиња: тип (8 бита), код (8 бита) и контролен збир (16 бита). „Тип“ го укажува типот на порака. Вредностите кои се движат од 0 до 127 се пораки за грешка, додека вредностите од 128 до 255 определуваат информациска порака. Вредноста во полето „код“ зависи од типот на пораката и овозможува додатно ниво на грануларност на порака. Полето „контролен збир“ овозможува минимално ниво на заверка на интегритетот на ICMP пораката.
Remove ads
Типови ICMPv6 пораки
Моменталната целосна листа може да биде најдена на следниот линк: IANA: ICMPv6 Parameters.
Remove ads
Операција
Контролен збир на пораки
ICMPv6 добавува само минимален степен на заштита и заверка на интегритетот на пораките, преку вклучувањето на 16-битни суми за проверки во заглавјето на пораките. Овој збир се пресметува почнувајќи со псевдо-заглавје за IPv6 полињата, според IPv6 стандардот, којшто се состои од изворот и одредиштате за пораките, како и од должината на пакетите и последното поле во заглавјето, кое е по дефиниција 58. Следејќи го ова псевдо-заглавје, збирот се продолжува со ICMPv6 пораката, во која збирот е почетно поставен на 0. Збирот се пресметува според IP стандардите користејќи 16-битен единечен комплемент, продолжено со комплементирањето на самиот збир и внесувајќи ја во соодветното поле. Забележете дека ова се разликува од начинот на којшто збирот се пресметува за IPv4 во ICMPv4, но е многу слично со пресметките во TCP.
Обработка на порака
Кога ICMPv6 јазол ќе прими пакет, мора да преземе акции што зависат од типот на пораката. ICMPv6 протоколот мора да го ограничи бројот на пораки за грешки пратени до исто одредиште, за да се избегне преоптоварување на мрежата. На пример, ако јазол продолжува да препраќа пораки за грешка, ICMP ќе ја сигнализира грешката на првиот пакет, и ќе продолжи да го прави тоа периодично, со фиксен минимум период, или со фиксен максимум товар на мрежата. ICMP порака за грешка никогаш не смее да се прати како одговор на друга ICMP порака за грешка.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads