IC 5146
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
IC 5146 (Кожурец) — отсјајна[2]/оддавна[3] маглина во соѕвездието Лебед. Описот NGC се однесува на IC 5146 како јато од ѕвезди со привидна величина од 9,5 св во темна и сјајна маглина. Јатото е познато и под името Колкиндер 470.[4] Има сјајност од +10.0[5]/+9.3[3]/+7.2.[6] Неговите небесни координати се ректасцензија 21° 53.5" и деклинација +47° 16". Во близина се ѕвездата Пи1 Лебед, расеаното јато NGC 7209 во Гуштер и сјајното расеано јато M39 сите видливи со човековото око.[2][5] Јатото е на растојание од околу 4.000 сг, и централната ѕвезда која го осветлува се создала пред околу 100.000 години;[7] маглината е со пречник од 12 лачни минути, што е еднакво на распон од 15 светлосни години.[6]
Кога се набљудува IC 5146, теманата маглина Бернард 168 (B168) е нераздвоив дел од тоа искуство, создавајќи темна линија која го обиколуба јатотокон запад создавајќи изглед на опашка зад јатото.

Remove ads
Млади ѕвездени тела
IC 5146 ѕвездородна област каде постојано се создаваат ѕвезди. Набљудувањата направени со вселснкиот телескоп Спицер и опсерваторијата Чандра забележале над стотина млади ѕбездени тела.[8][9] Забележани се млади ѕвезди во двете оддавни маглини, каде гасото е јонизиран од масивните млади ѕвезди, ив во инфрацрвениот темен молекуларен облак се создава „опашка“. Најмасивната ѕвезда во областа е BD +46 3474,ѕвезда од типот B1 за која има проценка дека е 14±4 пати помасивна од масата на сонцето.[10]
Друга занимлива ѕвезда во маглината е BD +46 3471, која е пример за HAeBe-ѕвезда, ѕвезда со средна маса и силни оддавни линии во спектарот.[11]
Remove ads
Галерија
- Аматерска слика на IC 5146
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads