Кеплеров вносен каталог
ѕвезден каталог From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кеплеров вносен каталог (англиски: Kepler Input Catalog или KIC) — јавно достапна база на податоцина приближно 13,2 милиони целни ѕвезди на набљудување на Кеплеровата програма за спектрална класификација (SCP) и вселенскиот телескоп „Кеплер“.[1][2]
Преглед
Целите за спектрална анализа на потфатот се анализирани од проектот 2MASS, како и Слоунските филтри како griz.[3] Кеплеровиот каталог сам по себе не е доволен за пронаоѓање на целите бидејќи само една третина од него е видлива за вселенската опсерваторија.[1] Целосниот каталог опфаќа ѕведи со величини до 21, што дава 13,2 милиони цели, но Кеплеровите сетилници можат да забележат само 6,5 до 4,5 милиони од нив.[1]
KIC е еден од малкуте сеопфатни каталози на видното поле на едно опсерваториско летало.[4] Создаден е поради отсуството на каталози со доволно продлабочени сознанија во целното подрачје во тоа време.[5] Во ставките на каталогот се заведуваат масата, полупречникот, делотворната температура, површинската гравитација (log g), металичноста и црвеното замирање“.[5]
Пример за ставка во каталогот е KIC #10227020
. По извесно време ѕвездата покажала сигнал на премин, и со тоа е прогласена за занимливо Кеплерово тело со ознаката KOI-730.[6]
Не сите ѕвезди во Кеплеровиот вносен каталог со планети (потврдени со премин) добиваат ознака на занимливост. Ова се должи на тоа што сигналот од преминот понекогаш го утврдуваат други екипи кои не се дел од овој потфат. Таков пример е Кеплер-78b.[7]
Необичната светлинска крива на KIC 8462852 (озн. TYC 3162-665-1 и 2MASS J20061546+4427248) поттикнала шекулации[8] за присуството на Дајсонова сфера[9][10] поставена од некоја вонземска цивлизација.[11]
Remove ads
Поврзано
- Занимливо Кеплерово тело (KOI)
- Каталог на ѕвезди-водилки
- KIC 8462852
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads