Mакедонска алпинистичка хималајска експедиција „Еверест '89“ (МАХЕ Еверест '89)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

МАХЕ Еверест '89, или Македонска Алпинистичка Експдиција Еверест '89 втората Македонска Алпинистичка Експдиција која се одвивала во Хималаите. За цел го имала искачување на највисокиот врв во светот, Монт Еверест. Се одржала во пролетта 1989 година.

Членови на Експедицијата

  • Сашо Андонов
  • Стипе Божиќ од Хрватска (алпинист)
  • Владимир Бошков
  • Виктор Грошељ од Словенија (алпинист)
  • Слободан Ѓорѓевиќ (радио-врски)
  • Димитар Илиевски (алпинист)
  • Борче Јовчевски (алпинист)
  • Ѓорѓи Костовски (алпинист)
  • Страшо Лозаноски
  • Јован Попоски (водач на експедицијата)
  • Горазд Росоклија (лекар и заменик водач)
  • Серафим Серафимовски (алпинист)
  • Димитар Тодоровски
  • Румен Ќамилов (снимател)

Цел на експедицијата

Примарната цел на експедицијата бил искачување на врвот Монт Еверест. Искачувањето е направено од непалската страна преку ледоломот Кумбу во стил кој стана класичен и прифатен од сите експедиции кои го качуваат врвот од оваа страна. Базниот логор се поставува на морените под ледоломот на височина од 5370 m до 5500 м.н.в.. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори. Првиот висински логор е на височина од околу 6100 м.н.в.., вториот е под Лоце на височина од 6200 м.н.в.., третиот на самата Лоце на 7300 м.н.в.. и последниот на Јужното седло на околу 8000 м.н.в... Заедно со Диме на врвот во истиот ден се искачија и словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 м.н.в... Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба честопати правејки патека во снегот и пред шерпасите. Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на 8200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.

Димитар Илиевски е првиот Македонец кој се има искачено на Монт Еверест и за долго време бил единствениот Македонец кој се има искачено на врв повисок од 8000 м.н.в...

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads