Лоце
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Lhotse (непалски: ल्होत्से; кинески: 洛子峰, пинјин: Luòzǐ Fēng; Standard Tibetan: ལྷོ་རྩེ, Вајли: lho rtse) — четврта планина по височина на Земјата (по Монт Еверест, К2 и Кангченѕунга), поврзана со Монт Еверест со Јужното Седло. Покрај главниот врв со надморска височина од 8.516 м, други повисоки врвови на планината се Лоце Средна (источна) и 8.414 м Лоце Шар се 8.383 м. Сместена е на границата помеѓу Тибет (Кина) и регионот Кумбу во Непал.
Remove ads
Забележителни особености
Лоце е најпозата како соседна планина на Монт Еверест и по тоа што сите што се искачуваат по стандардниот пат проведуваат извесно време на северозападната страна на планината. Оваа планина впрочем се одликува со најмала топографска истакнатост од сите осумилјадници, издигајќи се само 610 м над Јужното Седло.
Но и покрај ова, Лоце самиот по себе е велелепен врв поради огромниот пад на неговата јужната страна. На оваа страна, планината се издига цели 3,2 км на хоризонтално растојание од само 2,25 км, и со тоа страната е најстрмна во светот. Направени се многу обиди за нејзино искачување, со многу малку успех и голем број загубени животи.

Remove ads
Македонски исачувања
Прв Македонец којшто се искачил на Лоце е Сашко Кедев, на 13. Мај 2024 година. Претходно, во рамките на Осмата Југословенска Алпинистичка Хималајска Експедиција на Јужната Стена на Лоце во 1981 година учесник од Македонија бил Јован Попоски - Јове.[3]
Поврзано
- Махалангур Химал
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads