Нов општ каталог

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нов општ каталог
Remove ads

Нов општ каталог на маглини и ѕвездени јата (англиски: New General Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars или NGC) — познат астрономски каталог на длабоконебесни тела. Содржи 7.840 објекти, наречени NGC-објекти или Дре(ј)ерови објекти (по составувачот). Ова е еден од најголемите и најопфатите каталози и ги содржи сите видови на длабоконебесни тела

Кратки факти Вид попис, Организација ...
Remove ads

Историја

Каталогот е составен во текот на 1880-тите од Ј.Л.Е. Дрејер врз основа на набљудувањата на Вилијам Хершел, неговиот син Џон и други. Дрејер веќе објавил преработено издание на Хершеловиот „Каталог на маглини“, но Кралското астрономско друштво го одбило ова издание и му побарало на Дрејер да состави „Нов општ каталог“. Овој каталог е издаден во 1888 г.[1] Каталогот е подоцна проширен со два Индекс-каталога (IC I во 1896 и IC II во 1905), така додавајќи уште 5.386 објекти. Речиси сите подоцнежни објекти се откриени благодарение на фотографијата.

Објектите на небото на јужната полутопка не се толку темелно опфатени, но Џон Хершел или Џејмс Данлоп подоцна набљудувале многу од нив. NGC содржел многу грешки, кои се подоцна исправени со проектот NGC/IC Project, по делумните обиди на Сулентиќ и Тифт со „Преработен нов општ каталог“ (Revised New General Catalog, RNGC) во 1973, и Синот со NGC2000.0 во 1988.

Каталогот е издаден во делото „Мемоари на Кралското астрономско друштво“ како „Нов општ каталог на маглини и ѕвездени јата - каталогот на покојниот Сер Џон Ф.В. Хершел, Барт., преработен, исправен и проширен“ (Dreyer J. L. E., 1888, Mem. R. Astron. Soc., 49, 1-237).[2]

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads