P2Y12

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

P2Y 12 е хеморецептор за аденозин дифосфат (ADP).[1][2] Рецепторот P2Y 12 е вклучен во тромбоцитната агрегација и затоа е биолошка цел за третман на тромбоемболии и други нарушувања на коагулацијата.

Овој рецептор припаѓа на класата Gi од групата на G белковина-споени (GPCR) пуринергични рецептори.[3] Оваа фамилија на P2Y рецептори има неколку подтипови на рецептори со различна фармаколошка селективност, која во некои случаи се преклопува за различни нуклеотиди на аденозин и уридин.

Во областа на пуринергичното сигнализирање, рецепторот P2Y 12 се наоѓа главно, но не исклучиво на површината на тромбоцитите, и претставува важен регулатор во згрутчувањето на крвта.[4] Во централниот нервен систем, овој рецептор е пронајден исклучиво на површината на микроглија клетките, каде што е има улога во различни физиолошки и патолошки активности на микроглија клетките, како на пример следење на фунцкијата на невроните и заштита на невроните (невропротекција).[5]

Remove ads

Инхибитори на рецепторот P2Y12

Лековите клопидогрел (Плавикс), прасугрел (Ефиент), тикагрелор (Брилинта) и кангрелор (Кенгреал) и ја спречуваат неговата активација и дејство. Овие лекови се продаваат како антитромбоцитни агенси.[1]

За акутен коронарен синдром

Комбинацијата од инхибитор на P2Y 12 и аспирин, наречена двоен антитромбоцитен третман претставува третман од прва линија за акутен коронарен синдром. Рандомизирано испитување од 2019 година (ISAR-REACT-5 студија) сугерираше дека прасугрел е супериорен во однос на тикагрелорот.[6]

Антитромбоцитен третман на СТЕМИ

Кај пациенти кои се подложени на примарна перкутана коронарна интервенција (PCI) за миокарден инфаркт со покачување на ST сегментот (STEMI), упатствата за лекување од САД,[7] европските упатства,[8] како и канадските [9] препорачуваат администрација на инхибитор на P2Y 12 веднаш штом можно, иако не е јасно дали администрацијата на овие лекови пред пациентот да пристигне во болница дава дополнителни придобивки во споредба со администрацијата на лекот во болница.[9]

Од друга страна, инхибиторите на P2Y 12 не го менуваат ризикот од смрт кога се даваат како предтретман пред рутински PCI кај луѓе кои имале миокарден инфаркт без ST-елевација (NSTEMI), иако, кај повеќето пациенти со NSTEM е потребен третман со инхибитор на P2Y12 во период до 12 месеци. Сепак, во ваков случај постои зголемен ризик од крварење и истовремено намален ризик од дополнителни кардиоваскуларни проблеми. Поради ова, нивната рутинска употреба во овој контекст е од сомнителна вредност.[10]

Мрежна мета-анализа на 37 студии во кои беа вклучени 88.402 пациенти со STEMI и 5.077 пациенти со големи несакани срцеви настани (англиски: major adverese cardiac events, MACE) покажа дека употребата на прасугрел е поврзана со помала смртност и помалку големи несакани срцеви настани во споредба со другите лекови од оваа класа (клопидогрел и тикагрелор).[11]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads