Троскоти
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Троскоти (науч. Polygonaceae) — семејство цветни растенија со околу 1.200 видови[2] распоредени во 48 родови.[3] Најголем од нив е родот на дивата хелда (Eriogonum, 240 вида), а потоа доаѓаат штавејот (Rumex, 200 видови), морското грозје (Coccoloba, 120 видови), повитот (Persicaria, 100 видови) и красночленката (Calligonum, 80 видови).[4][5] Семејството распространето ширум целиот свет, но има најголема разновидност во северниот умерен појас.
Неколку видови од семејството се одгледуваат како украсни.[6] Мал број други од родот на мравјите дрва (Triplaris) даваат дрвена граѓа.[2] Плодот на морско грозје (Coccoloba uvifera) се јаде, а во Флорида од него се прави мармалад и се нуди во малопродажбата.[7] Семето на вида хелда (Fagopyrum) се одгледува за исхрана. Лисните дршки на ревенот (Rheum rhabarbarum и вкрстениците) исто така се во редовна продажба како храна. Листовите на обичниот киселец (Rumex acetosa) се јадат во салати и зготвени како лиснат зеленчук.[8]
Во семејството на троскотите се вбројуваат најопасните корови на светот, особено од родовите Persicaria, Emex, Rumex и Polygonum.[2]
Remove ads
Таксономија
Научниот назив Polygonum е воведен од францускиот ботаничар Антоан Лоран де Жисје во 1789 г. во неовото дело Genera Plantarum.[9] Се однесува на набабрените пршленчиња кај некои видови, од старогрчкотите зборови поли (многу) и гони (зглоб).
Семејството е многу добро утврдено веќе долго време. APG III го става во редот на каранфиловидните (Caryophyllales).[1] Во тие рамки, сместен е вон големиот клад на јадрените каранфиловидни.[10] Претставува сестринско семејство на оловниците (Plumbaginaceae), со кое нема морфолошки сличности.[11]

Remove ads
Опис

Највеќето членови на семејството се повеќегодишни зелјести растенија со набабрени пршлени, но има и дрва, грмушки и ползавци. Листовите им се прости, наизменично распоредени на стебленцата. Секој лист има карактеристичен пар споени прилисници налик на опни. Оние видови што немаат опни се распознаваат по подвиените прицветници на главиците. Цветовите обично се мали, двополови и во зрачен облик, а околуцветникот има три до шест чашкини ливчиња. По цветањето, чашкините ливчиња се задебелуваат и зголемуваат околу плод во развој. Цветовите немаат венче, а кај некои чашкините ливчиња се венечни и обоени. Има три до осум прашници кои се самостојни, или пак соединети во основата. Плодницата има обединети плодни ливчиња што образуваат една шуплина, давајќи само еден семен зачеток. Плодницата е горна со основна или слободна средишна обвивка. Толчникот има 1 до 3 завршетоци, секое со по едно устенце.[12][13][14]

Remove ads
Родови
Во првите три столба се наведени 43-те родови определени од Брендбиџ во 1993 г., а четвртиот е нецелосен список на родовите признаени во поново време.
|
|
|
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads