Pull Me Under

From Wikipedia, the free encyclopedia

Pull Me Under
Remove ads

Pull Me Under е сингл од албумот на Dream Theater од 1992 Податотекаs and Words. Тој е општоприфатен како најголем успех на групата досега. Песната се искачила на #10 на топ-листата Mainstream Rock Tracks на магазинот Billboard. Исто така била првата песна на „Images and Words“.

Pull Me Under
Thumb
Сингл на Dream Theater
Снимен1992
ИздаденДекември, 1991
ФорматCD
Касета
Винил
ЖанрПрогресивен метал
Времетраење8:11
ИздавачElektra
Позиција на топ-листите
#10 (US Mainstream Rock)
Хронологија на синглови на Dream Theater
Претходен сингл
/
/
Следен сингл
Another Day
(1992)

Забележителна одлика на песната е тоа што ѝ недостига конвенционален завршеток. Песната едноставно застанува, на сред нота, на 8 минути и 11 секунди. Ова ја нагласува тематиката на песната поврзана со ненадејната и неочекувана природа на смртта. Сепак, доколку се слушне песната подобро, се забележува дека нејзиниот завршеток е во 4/4 такт, нагласен во 3 и 4 на последниот такт по што следи тишина.

Текстот на песната се однесуваат на Шекспировиот Хамлет, и се раскажува од гледната точка на принцот Хамлет. Текстот на песната значително алудира на претставата и претставува ехо на желбата на Хамлет да се предаде на својата желба да се здобие со одмазда за неговиот татко, дури и по цена на неговиот здрав разум.

Скратена верзија на песната (во траење од 4:48) исто така се појавува на музички спот кој претставува мешавина од клипови на настапи на групата и нејасна приказна за некого, кој е често опишуван од членовите на групата и обожавателите како „човек-волк“. Членовите на групата не биле задоволни со приказната, велејќи дека таа нема ништо поврзано со темата на песната. Пејачот Џејмс ЛаБри може да биде виден носејќи маица од Napalm Death на спотот.

Повеќе информации Дискографија, Поврзани статии ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads