S/2015 (136472) 1
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
S/2015 (136472) 1 (или MK2)[2] — единствената позната месечина на џуџестата планета Макемаке.[1][4][5] Се проценува дека има пречник од 175 км (за претпоставено албедо од 4 %) и голема полуоска од барем 21.000 км од Макемаке.[1][6] Нејзиниот орбитален период изнесува ≥ 12 дена (најмалите вредности се за кружна орбита; вистинската занесеност е непозната).[1][5][7] Забележана е во текот на април 2015 г. со помош на Широкоаголната камера 3 на вселенскиот телескоп „Хабл“, а окритието е објавено на 26 април 2016 г.[2]
Макемаке и Седна се најмалку познати од големите заднептунци. Откривањето на MK2 и подоцнежните набљудувања во 2018 г. овозможуваат да се утврди масата на Макемаке, со што ќе може да се осознае нејзината густина и други особености.
Remove ads
Набљудувања
Според првичните проучувања на сликите, MK2 има отсјајност слична на дрвениот јаглен, што ја прави крајно темо тело. Ова делува неочекувано бидејќи Макемаке е второ тело по сјајност во Кајперовиот Појас. Една претпоставка за ова е дека гравитацијата не е доволно силна за да го спречи ослободувањето на сјајните, но испарливи мразови под дејство на топлината од далечното Сонце.[8]
Според Алекс Паркер, раководителот на научната екипа во Југозападниот истражувачки институт од Тексас, сликите направени при откривањето на MK2 покажуваат дека неговата орбита е свртена со работ кон земските опсерватории. Ова значително го отежнува забележувањето на месечината бидејќи таа станува тешко видлива во блесокот на Макемаке, покрај темината на самата нејзина површина.[8] Ако се утврди дека орбитата е кружна, ова би значело дека телото настанало во ударен настан далечното минато; доколку е елиптична, тогаш телото е зафатено подоцна.[8]
Remove ads
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads