Tenthredo moniliata
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Tenthredo moniliata е вид на растителна оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси).[1]
Remove ads
Живеалиште
Овие оси се присутни во повеќето европски земји и во источниот дел на палеарктикот.[2] Тие обично се јавуваат во влажни подрачја (особено во мочуришта и езерца).[3] Во Македонија видот е собран во Маврово.[4]
Опис
Tenthredo monilita може да достигне должина од околу 10-12 милиметри. Овие оси се доста променливи во боите. Тие обично имаат црна глава, со жолти делови кај устата. Антените се целосно црни. На предниот дел од градниот кош има мала жолта лента. На секоја страна од првиот тергит има бело место. Третиот, четвртиот и петтиот сегмент на абдоменот се црвеникави, додека апикалните сегменти се црни. Нозете се претежно кафеави, со црни фемури. Крилата се претежно проѕирни, со кафеави жилки. Кај машките единки стомакот е повеќе црвенкаст.[3]
Remove ads
Биологија
Возрасните единки може да се сретнат од мај до јули, и се хранат со нектар и полен од цвеќиња. Главното растение што е домаќин за овие оси е водната детелина, но може да се најдат и на некои видови лутичиња, обично оригано и грмушката Dasiphora fruticosa.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads