Vip operator
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
А1 Македонија или поранешен Vip operator е третиот мобилен оператор во Македонија основан на 27 март 2007 година. На 3 септември 2019 година Vip изврши промена на името и стана дел од А1 групацијата.

Создавање на КејблТел

КејблТел или CableTEL беше најголем оператор на Електронска Комуникациска Мрежа во Македонија. Создаден е со обединување на 13 кабелски оператори од Македонија, од страна на група стратешки американски инвеститори[1].
Нудеше повеќе сервиси и разновидни пакети за своите корисници, како Кабелска Аналогна ТВ, Кабелска Дигитална ТВ, Кабелски Интернет (docsis), Кабелски Интернет (LAN) и фиксна телефонија[2].
На 11 ноември 2011 година фирмата КејблТел се ребрендира во „Близу“ (Blizoo).
Консолидација и згаснување на „One“ и „Blizoo“
„Vip operator“, „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 официјално се споиле во една компанија.[3] Одлуката била донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни 2015 година, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Фирмите „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 престанале да постојат како правни лица, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски биле преземени од „Vip Македонија“. На 3 септември 2016 година, „Vip Македонија“ најавил дека компанијата ги згаснува двата продуктни бренда „One“ и „Blizoo“ и вовела еден бренд - „Vip“,[4] (подоцна променет во one.Vip) под чија капа компанијата продолжила да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници.
Во следниот период, компанијата се ребрендираше во А1 Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads