X-хромозом
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Х хромозомот (се чита икс хромозом) е еден од двата полови хромозоми кај луѓето и повеќето животни (другиот е Y хромозомот). Половите хромозоми формираат еден од 23 пара на човечки хромозоми во секоја клетка. Х хромозомот поседува околу 155 милиони базни парови (градбените делови на ДНК) и претставува околу 5% од вкупната ДНК во клетката.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Секоја здрава единка поседува еден пар на полови хромозоми во секоја клетка. Женките имаат два Х хромозома како полов пар на хромозоми, додека мажјаците имаат еден Х и еден Y хромозом како полови хромозоми. Рано во ембрионалниот развиток кај женките, еден од двата Х хромозома е случајно и трајно онеспособен во соматските (телесни) клетки (за разлика од половите клетки). Овој феномен е познат како Х-инактивација или лионизација. Со овој процес и женските единки (како и машките) добиваат само по еден функционален Х хромозом во секоја телесна клетка. Бидејќи Х-инактивацијата е случајна и произволна, кај здравите женски единки се среќаваат два типа на клетки - едни со активен Х хромозом наследен од мајката и други со активен Х хромозом наследен од таткото.
Некои гени на Х хромозомот не подлежат на Х-инактивацијата. Овие гени се наоѓаат на врвот од краткиот (р) крак на Х хромозомот, во област позната како псевдоавтозомен регион. Иако многу гени се единствени за Х или Y хромозомот, гените во псевдоавтозомниот регион се присутни и на двата полови хромозоми. Поради ова, мажите и жените имаат по две функционални копии од овие гени. Многу гени во псевдоавтозомниот регион се есенцијални за нормалниот развиток.
Х хромозомот најверојатно содржи помеѓу 900 и 1400 гени. Гените кои се наоѓаат на Х хромозомот се околу 20000 до 25000 од вкупниот број на гени во човечкиот геном. Генетските заболувања кои се поврзани со Х хромозомот се Клинефелтеров синдром, Троен Х синдром, Тарнеров синдром, како и неколку други генетски нарушувања.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads