Клинефелтеров синдром

From Wikipedia, the free encyclopedia

Клинефелтеров синдром
Remove ads

Клинефелтеров синдром претставува генетско заболување што е причина за бројчен хромозомски аберации, се јавува кај едно од 600 машки деца.

Кратки факти Клинефелтеров синдром, Специјалност ...

Настанување

Клинефелтеровиот синдром настанува со појавување на грешка при разделувањето на половите хромозоми за време на мејозата. Наместо типичната машка шема XY клетките содржат XXY комбинација што значи дека има вишок на еден X хромозом.

Симптоми на синдромот

Главни симптоми на синдромот се:

  • релативен висок раст;
  • појава на гради;
  • женски тип на косматост;
  • недоволен развиток на половите жлезди;
  • појава на стерилитет, што не е препознатлив пред пубертетот.

Прогноза

Децата со Клинефелтеров синдром малку се разликуваат од другите деца. Иако тие можат да се соочуваат со проблеми во периодот на адолесценцијата, често емоционално однесување, како и тешкотии на училиште. Повеќето од нив се независни од нивните семејства во зрелоста. Можат да водат нормален, здрав живот. Резултатите од една студија спроведена во Австралија кај возрасни со синдромот покажува дека пациентите кои имале дијагноза и соодветен третман од многу рана возраст имало значајна корист во однос на оние кои биле дијагностицирани во зрелата возраст.

Галерија

Надворешни врски

Кратки факти Класификација, Надворешни извори ...


Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads