Јоахимстал (Бранденбург)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јоахимстал (германски: Joachimsthal) — мал град во округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа во рамките на Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин, околу 17 километри северозападно од Еберсвалде и 55 километри североисточно од Берлин. Градот е административно седиште на истоимената општинска заедница.
Remove ads
Историја

Јоахимстал бил основан во 1601 од изборниот кнез Јоахим Трети Фридрих околу средновековниот заок Гримниц и добил градски права во 1604. Изборниот кнез изградил работилница за стакло и во 1607 основал училиште (Joachimsthalsches Gymnasium), кое било преместено во Берлин по неговото уништување во текот на Триесетгодишната војна. По пожарот во 1814, црквата и неколку куќи биле повторно изградени според плановите на Карл Фридрих Шинкел.
Кралот Фридрих Вилхелм изградил ловечка куќа на Вербелинското Езеро во близина на градот во 1849. Куќата била користена и од други благородници во текот на годините.
Remove ads
Луѓе
- Франц Ернст Нојман (1798–1895), лекар
Збратимени градови
Голчево, Полска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads