Абецедариум (Трубар)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Абецедариум (Abecedarium) — заедно со Катехизмус (Катехизам) — прва печатена книга на словенечки јазик.[1] Тоа е книшка од осум листа за помош на луѓето да ја научат азбуката. Протестантскиот реформатор Примож Трубар ја испечатил во 1550 годин во „швабахер“ (готско писмо), и повторно го издал со некои исправки со латинско писмо во 1555 и 1566 година. Подобрена верзија била испечатена од Себастјан Крељ во 1566 година. И двата и Абецедариумот и Катехизмусот се значајни во развојот на словенечкиот јазик.[1]
Remove ads
Историја
Иако со децении се претпоставувало дека Катехизмусот бил печатен во Тибинген, ново истражување покажало дека најверојатно бил печатен во 1550 година од Петер Френце во Швебиш Хал.[2]
Современо издание
Абецедариумот бил издаден во октомври 2008 година за првпат на модерен словенечки јазик. Ова школско издание ги вклучува текстовите на словенечки од Трубаревото време како и превод на модерен словенечки со забелешки. Слично, Катехизмусот, другата „прва“ словенечка книга, бил издаден во октомври 2009 година. „Беседа за верата“ (Pridiga o veri) од Катехизмусот е достапна на словенечки, англиски, германски и есперанто.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads