Александар Димитров (Ќустендил)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Димитров ( 1873 во Слокоштица, Ќустендил, Отоманска Империја ― 22 октомври 1921 во Козица (Бугарија)) — бугарски политичар од македонско потекло (од македонски бегалци), деец на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС).[1][2]
Remove ads
Животопис

Одржувал блиски врски со серското крило на ТМОРО на Јане Сандански. Од 1908 година до крајот на животот бил народен пратеник на Народното собрание на Бугарија. Водел енергична борба против личниот режим на царот Фердинанд I, за што во 1911 година бил осуден на шест месеци затвор. Како противник на политиката на Бугарија за учеството во Првата светска војна, бил затворен сè до завршувањето на војната.[1]
Во 1919 година станал министер за внатрешни работи и за народно здравје во земјоделската влада на Стамболиски, а од 1921 година министер на војската. Бил во блиски односи со левицата на ВМРО. Како министер за внатрешни работи и на војската водел политика за зближување на Кралството СХС и за спречување на комитските акции на ВМРО (Автономистичка) во вардарскиот дел на Македонија.[1]
Заради ваквата негова политика бил убиен од страна на слугите на царот Фердинанд,[3] односно четници на Тодор Александров на чело со Иван Јанев-Брло.[1]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads