Антинуклеарно антитело

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Антинуклеарни антитела (АНА) се автоантитела кои се врзуваат за компоненти од клеточното јадро. Кај нормални единки, имунолошкиот систем создава антитела против страни белковини (антигени), меѓутоа не создава против човечките белковини (автоантигени).

Постојат голем број на поттипови на АНА како што се анти-Ro антитела, анти-La антитела, анти-Sm антитела, анти-nRNP антитела, анти-Scl-70 антитела, анти-dsDNA антитела, анти-хистон антитела и др. Секој од овие поттипови се врзуваат за различни белковини или белковински комплекси во клеточното јадро. АНА се присутни кај голем број на заболувања, како автоимуни, канцер и инфекции, со различна преваленца на антитела во зависност од состојбата. Ова овозможува нивно искористување во дијагнозата на некои автоимуни заболувања, како системски лупус еритематозус, Шегренов синдром,[1] склеродерма,[2] Шарпов синдром,[3] полимиозитис, дерматомиозитис, автоимун хепатит[4] и лек-индуциран лупус.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads