Арена „Стожице“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арена „Стожице“ (словенечки: Arena Stožice) — повеќенаменска затворена арена сместена во Љубљана, Словенија. Дизајнирана е од словенечките архитекти „Садар + Вуга“ и е најголемата затворена арена во земјата. Се наоѓа во областа Бежиград, северно од центарот на градот. Арената е дел од спортскиот комплекс „Спортски парк Стожице“.
Арената е домашен терен на кошаркарскиот клуб КК Цедевита Олимпија.
Remove ads
Историја
Арената го носи името по областа во која се наоѓа, а промена на името е можна во иднина поради спонзорски права. Заедно со фудбалскиот стадион е дел од спортскиот парк Стожице. Површината на зградата на арената е 14.164 квадратни метри. Изграден е за само 14 месеци и е отворена на 10 август 2010 година со кошаркарски натпревар помеѓу Словенија и Шпанија, кој го добила Шпанија со 79–72 по продолжение.[1]
Арената има капацитет од 12.480 седишта за кошарка и се наоѓа во северозападниот дел на паркот. Четирите нивоа на терени и долната, ВИП и горната трибина се покриени со купола во облик на школка. Арената се користи за спортови во затворен простор како што се кошарка, ракомет и одбојка и е дом на КК Цедевита Олимпија. Арената е дом на повеќето словенечки репрезентации во спортови во затворен простор, освен за хокеј на мраз, за кој арената не е соодветна, но може да биде прилагодена доколку се имплементираат уреди за ладење на мраз. Покрај стадионот, арената е исто така дизајнирана да биде домаќин на многу културни настани.
Арената Стожице била една од четирите сали-домаќини на Европското првенство во ракомет за жени во 2022, а исто така била кодомаќин на Европското првенство во кошарка за жени во 2023.
Remove ads
Галерија
- Арена „Стожице“ за време на Европско првенство во кошарка 2013
- Арена „Стожице“ во 2013 година
- Арена „Стожице“ во 2013 година
- Арена „Стожице“ во 2022 година
- Арена „Стожице“ за време на бокс натпревар, 2011 година
- Арена „Стожице“ за време на бокс натпревар, 2011 година
- Арена „Стожице“ за време на концерт, 2013 година
- Арена „Стожице“ за време на концерт, 2013 година
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads