Афоризам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Афоризам[1][2] (од грчки αφοριζειν, aforismos — дефинирање, одредување), буквално, определување или дефиниција — поим што се користи за да се опишат начелата изразени со неколку зборови или општи вистини изразени во кратка реченица,[3] на таков начин што откако ќе се слушне, лесно се памти.[4]

Битни одлики на афоризмите се: јадровитост, промисленост, духовитост и актуелност. Претставува еден од најкратките уметнички жанрови. Најчесто се поврзува со теми како политика, општество, етика и филозофија, но и со други области од човечкото творештво. Успешен афоризам е оној што содржи уметничка своеобразност. Афоризмот никогаш не ги остава читателите рамнодушни и секогаш ги поттикнува да размислуваат за пораката на творецот, која обично се наоѓа на крајот од изјавата, понекогаш дури и само во еден збор.

Изразувајќи се преку афоризам, афористот секој пат создава минијатурно, но изворно книжевно дело, сумирано на мал простор, честопати на неочекуван и малку парадоксален начин. Неговата „едноставност“ е само добро осмислена маска зад која се кријат бројни асоцијации.

Remove ads

Историја

Поимот станал познат од збирката кратки медицински совети наречена „Афоризми“ од грчкиот лекар Хипократ[3] („Афоризми на Хипократ“), зачувани благодарение на Александриската библиотека што може да се смета за вистинско книжевно ремек-дело. Иако бил познат во античко време, античкиот афоризам бил сосредоточен на прагматичната страна на животот и како жанр претставувал вистинска реткост и се одликувал со својот краток облик.

Афоризмот го задржал своето медицинско значење до крајот на XVI век, кога шпанскиот правник и политичар Балтазар Аламос де Бариентес и италијанскиот историчар Филипо Кавриано го користеле во смисла на јадровито напатствие (како совет или лек) за општествените болести, нарушувања и противречности, кои се споменуваат во делата на Тацит.

Чудноста на поимот и неговата првична употреба веројатно придонеле афоризмот да не биде прифатен со иста брзина и на ист начин во просветените европски кругови. Денешните афоризми се одликуваат со книжевни и филозофски вредности. За модерна лулка на афоризмот се смета Германија (XVI век) и Франција (XVII и XVIII век).

Remove ads

Афористи

Македонски афористи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads