Бизмарк (Германија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бизмарк (германски: Bismark) — град во округот Штендал, во историскиот регион Алтмарк, во северниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од Штендал.

Во раниот 12 век, површината била под власт на Алберт Мечката и била населена од селани, кои потекнувале од Долните земји. Името на градот е изведено од блискиот поток Бизе (по холандски: bies што значи брзи растенија), притока на Аланд; иако исто така може да се однесува на бискупски марш, посед на бискупите од Хафелберг, спомнат во 1209 во декрет издаден од асканискиот гроф Алберт Втори. Со Алтмарк, Бизмарк бил дел од Грофовија Бранденбург, додека не бил приклучен кон пруската Провинција Саксонија.
Хербордус од Бизмарк бил спомнат како градоначалник на Штендал околу 1280. Неговиот наследник Ото фон Бизмарк го добил статусот почесен граѓанин на Бизмарк во 1895.
По административната реформа, која влегла во сила од 1 јануари 2010, градот Бизмарк се состои од поранешните општини Бадинген, Беркау, Бисте, Доберкау, Гарлип, Грасау, Хоенвулш, Холцхаузен, Кетен, Кледен, Кенигде, Кремкау, Месдорф, Кверштет, Шеплиц, Шерникау, Шорштет и Штајнфелд.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

