Вера Димоска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вера Ангелова Џамбазова Димоска (17 јули 1918 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
По капитулацијата на кралството Југославија станала член на женска воспитна група и член на пододборот за народна помош. Својата куќа ја ставила на располаrање на НОД и во неа се одржувале илегални состаноци. Чувала илегалци. Во 1941 година преку неа се снабдувала илегалната партиска техника со глицерин и други материјали. Честопати била ангажирана во пренесување пошта. Работела на развивање филмови и вадење слики на илегалци кои им биле потребни за издавање лични карти. Покрај тоа активно собирала народна помош, привлекувала симпатизери, растурала илегален материјал и слични активности. Во почетокот на септември 1944 година година активно работела меѓу младината во Прилеп, а покасно добила распоред од Околискиот Комитет на СКОЈ да работи со младината и жените во Плетварско - Тројачката oпштина. Од почетокот на 1945 година поставена е за шифрантка. На 12 март 1945 година е примена за член на КПМ.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads