Веслијан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Универзитетот Веслиан во Охајо е една од првите високошколски установи во Охајо во САД, и се наоѓа на 20 милји северно од Колумбус, главниот град на американската сојузна држава Охајо.[1]

| |
| Мото: In lumine tuo videbimus lumen
Печат: Wesleiana Universitas Ohioensis Delawarensi: Университет Веслиан во Охајо | |
| Отворање | 1842 г. |
| Тип | Приватен универзитет |
| Претседател | Марк Хадлстон |
| Годишна Такса за 2005/2006 | $35,830 |
| Максимална Годишна Финансиска Помош за Меѓународни Студенти | $27,920 |
| Локација | Делавер,Охајо |
| Студенти | 1950 |
| Финансиски ресурси | 150 мил. долари |
| Околина | Предградие |
| Површина | 200 акри (0,8 км2) |
| Спортски тим | Веслијанските боречки бискупи |
Remove ads
Мисија
Универзитетот, користејќи ги традициите и современиот цивилизациски напредок учествува во развојот на науката, културата и стопанството, како и во решавањето на важни научни, техничко-технолошки и општествени проблеми. Основните цели на кои е поставена мисијата на универзитетот се:
- Образование и подготвување на студентите за активно и работно вклучување во современо општетство,
- Вршење на научно - истражувачка дејност на меѓународно ниво,
- Подготвување на научен кадар за сопствени потреби и за потребите на други средини и стопанството,
- Учество во цивилизациските промени и збогатување на културата на земјата, а посебно во науката, техниката, медицината и здравството.
Remove ads
Историја

Отворањето на Универзитетот Веслиан во Охајо е извршено на ноември 1842 година, а првите предавања се одржани на 1844 година.[2] На почетокот, предавале 20 наставници и еден асистент, додека настава слушале 30 редовни студенти.
За Универзитетот
Денес Универзитетот Веслијан во Охајо вклучува осум високообразовни установи и 20 факултети.
Библиотека
Во склоп на Веслиан функционира библиотеката „Бигли“, именувана по човекот чија визија беше основање и развој на библиотеката. Главна цел на кадарот кој работи во библиотеката е да го зголеми нивото на информации, образование и да се осигура околина за проток и размена на информации и за многу други културни активности.
Катедри

- Правни студии
- Деловна администрација
- Јавна администрација
- Комуникациски науки
- Компјутерски науки
- Математика
- Германски јазик и книжевност
- Англиски јазик и студии
- Германски јазик и студии
- Француски јазик и студии
- Историја
- Социологија
- Географија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
