Вицендорф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вицендорф (германски: Wietzendorf) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината е признаено покраинско одморалиште.
Remove ads
Географија
Местоположба
Вицендорф се наоѓа во средината на градскиот триаголник Хамбург-Хановер-Бремен, сместен на автопатот А7. Во негова близина се наоѓаат градовите Золтау, Мунстер и Берген.
Општински единици
Покрај самиот Вицендорф, во општината влегуваат и следниве места: Бокел, со Денернбокел, Лирсбокел, Вроге и Лемберг, Марбостел, со Родехорст, Мајнхолц, Зуројде со Хексенраје, Рединген со Халмерн и Рајнинген, како и Клајн Америка.
Remove ads
Историја
Во текот на Втората светска војна, камп за затвореници, вклучувајќи и дел за офицери, се наоѓал во близина на Вицендорф. Кампот првично бил користен за советски затвореници од Источниот фронт; подоцна делумно бил испразнет поради лоши санитарни услови и користен за други затвореници, вклучувајќи многу италијански воени заробеници, кои Нацистичка Германија ги затворила бидејќи го изгубиле својот воен статус, откако одбиле да ги следат наредбите на Мусолини.[2][3] Помеѓу италијански затвореници бил Џованино Гварески, кој подоцна станал светски познат како автор на „Дон Камило“[4] и Алесандро Ната, подоцна генерален секретар на PCI.
Remove ads
Галерија
- Музеј во Вицендорф
- Споменик пред музејот
- Црквата во Вицендорф
- Споменик за советските затвореници
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads