Војводи Тетово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Војводи Тетово — навивачка група која потекнува од 1988 година и ги бодрат првенствено ФК Тетекс и КК Тетекс, а потоа и сите македонски спортски клубови од Тетово како што се ФК Љуботен, ОК Бамикор и други. Нивно препознатливо лого е рака со крст кој го претставува значењето на православието во групата.
Remove ads
Историја
Навивање во Тетово постои уште кога ФК Тетекс играл во Втората Југословенска лига во раните 1980-ти години меѓутоа без никакво организирано навивање. На 28 октомври 1988 година официјално е формирана навивачката група „Војводи“ на натпреварот помеѓу ФК Тетекс и Балкан Стококомерц, а нивно прво гостување е во Лесковац, Србија.
Структура
Навивачката група има свое Претседателство, односно Управен одбор, Статут и членска карта. Бидејќи како група од град во којшто Македонците се втори по бројност, неможат да се пофалат со бројка на навивачи но сепак се издвојуваат во Тетово од другите навивачки групи поради нивната креативност и стил на навивање.[1]
Активности
Имаат изработено неколку видови на маици, шалови, транспаренти, налепници и останат навивачки материјал. Целиот материјал го изработуваат сами без скоро никаква поддршка на клубовите, со многу мал исклучок. Нивно најдолго изработено знаме е „Со верба во бог, Војводи до гроб“ кое е долго околу 45 метри.
Општо во Тетово владее негативно мислење и дека се хулигани поради изминатите нереди, меѓунационални конфликти и со самото тоа добиваат многу мала поддршка од структурите на градот па и од управите на спортските клубови кои ги бодрат.[2][3]
Под едно име и едно знаме
Организатори се на иницијативата за обединување на сите навивачки групи во Македонија со мотото „Под едно име и едно знаме“. Целта на оваа иницијатива е организирано и здружено бодрење на македонските репрезентации во фудбал, кошарка и ракомет.[4]
Гостувања

Групата е скоро секогаш присутна било кога и каде да игра нивниот клуб ФК Тетекс. Имаат бројни гостувања скоро во секој град низ Македонија и воглавном гостувањата поминувале без инциденти.[5]
Кога се работи за репрезентациите на Македонија, групата секогаш стои на располагање и редовно одат на гостувања а како доказ за тоа се многуте гостувањата во Србија, Хрватска, Словачка, Словенија, Литванија, Полска, Германија, Шведска и други.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads